Како да подготвите интегрален леб со семиња?

Споделете со пријателите

Количината на намирници е доволна за подготовка на околу 15 парчиња леб.

Едно парче содржи 128.4 калории, 20.4 g јаглехидрати, 4.8 g масти и 3.4 g протеини.

Потребни состојки:

  • 250 g ‘ржано брашно
  • 150 g чаша јачемново брашно
  • 500 ml кисела вода
  • 5 лажици растопен путер или маслиново масло
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажица интегрален сусам 
  • 1 лажица ленено семе 
  • 1 лажица кршени семки од тиква 
  • 1 лажича сончоглед 
  • малку хималајска сол.

Начин на подготовка:

Сувите состојки измешајте ги во длабок сад (ржаното брашно, јачменовото брашно, прашокот за пециво, семињата и хималајската сол). Убаво измешајте со лажица.

Потоа во смесата од сувите делови додадете го растопениот путер или маслиново масло. На крај додадете ја киселата вода и мешајте убаво дури не се добие густо и влажно тесто.

Во правоаголен калап за леб, обложен со хартија за печење или со путер, истурете го тестото.

Одозгора наросете со малку семиња и малку сол. Направете со нож не многу длабоки странични засеци.

Печеме во добро загреана рерна на температура од 180-200°С околку 40 минути во зависност од рерната, ако е појака можеби и пократко.

Проверувајте со помош на чепкалка. Кога чепкалата ќе биде сува и нема да се лепи тесто на неа, тогаш лебот е готов.

Кога лебот ќе се испече, замотајте го во чиста крпа и оставете го да се олади.

Комбинирајте го за појадок со дозволените намирници.

Добар апетит!

Начинот на подготовка можете да го погледнете и на нашето видео.

Рецептот е на Виолета Златкова, превземен од групата на facebook Хроно исхрана.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *