Уживајте во летото: Како да ја спречите летната дехидратација?  

Плажа, сонце, кафичи на отворено, летни журки…..летото нуди навистина голема забава, но за да можете безгрижно да уживате на сонцето сепак има некои работи на кои мора да внимавате.

Секогаш користете крем со заштитен фактор, носете капа и наочари и внимавајте на внесот на течности.

Внесот на течности е особено значаен затоа што многу е лесно телото да дехидрира кога надвор температурите се високи.

Кога станува збор за течности бидете внимателни со алкохолните пијалаци затоа што пивото  и алкохолните коктели ќе ве разладат, но тие дополнително можат да ја влошат состојбата затоа што алкохолот го дехидрира телото.

Што е дехидратација?

Дехидратацијата се јавува кога телото губи многу вода и соли. Тие загуби можат да бидат како резултат на неколку причини. Најчесто дехидратација се јавува како резултат на напорни тренинзи, особено трчање на маратони на многу тополо време или како резултат на болест која вклучува повраќање и дијареја.

Соодветната хидратација на телото е особено важна за време на летото затоа што просечна возрасна индивидуа губи по 2-3 лити вода на ден кога температурите надвор се многу високи. Дури и да немате никаква физичка активност и работата да ви вклучува седење од 8 часа, доколку не се хидрирате соодветно за време на летото може да дојде до појава на дехидратација.

Исто така многу е важно да се знае дека човечко тело нема можност да ја складира водата така што ако пиете еден ден околу 2-3 литри вода, а следниот речиси ич ризикувате од појава на дехидратација.

Кои популациски групи

се најранливи кога е во прашање дехидратацијата?

Дехидратацијата може да настане кај сите популациски групи и кај сите возрасти, но добро е да се напомене дека најранливи се малите деца, бебињата и геријатриската популација.

  • Поголем дел од телото на децата содржи вода.
  • Децата имаат побрз метаболизам и затоа треба почесто да пијат вода.
  • Кога децата се болни, тие имаат поголем ризик од дехидрација (пример: повраќање и дијареја можат да ги исцрпат до максимум, дополнително што инфекциите го намалуваат апетитот така што многу тешко би го натерале детето да јаде или пие било што).
  • Постарите луѓе се склони кон дехидратација бидејќи нивните тела имаат помалку течност, но и центарот за жед веќе е ослабен.
  • Постарите лица најчесто се на мултипна хронична терапија со повеќе лекови кои можат да го зголемат ризикот од дехидрирање, особено доколку пијат дуретици кои се најчестите лекови за третман на хипертензија (зголемен крвен притисок).
  • Многу активни возрасни лица, исто така се под ризик од дехидратација, особено ако се занимаваат со интензивна физичка активност при топло време и не се хидрираат соодветно.

Кој е препорачаниот дневен внес на вода?

деца – 1,5 ml/kg – пример дете од 10 kg треба минимум да пие околу 150 ml вода на ден

возрасни – 30-35 ml/kg – пример за просечна возрасна индивидуа од 70 kg тоа се 2100-2450 ml на ден

Кои се првите знаци на дехидратација?

Жедта е првиот знак кој укажува дека на телото му недостасува вода. Но, сепак кога телото ќе регистрира дека му фали вода и кога се појавува веќе чувството за жед, телото веќе загубило 2% од своите течности.

Ова се некои од позначајните симптоми кои можат да укажат на дехидратација и кои не смеете да ги игнорирате:

  • главоболка
  • мускулни грчеви
  • сува уста и нос
  • промени во расположението
  • многу темна и концентрирана урина.

Трикови како да ја спречите летната дехидратација:

  • нудете им почесто вода на своите деца
  • избегнувајте директна изложеност на сонце и престој во многу топли простории
  • доколку практикувате физичка активност, не правете го тоа надвор или доколку сакате надвор нека биде рано или доцна навечер или пак на планина каде температурите се пониски
  • избегнувајте алкохолни пијалаци
  • консумирајте храна која содржи поголем процент на вода (овошје и зеленчук)
  • доколку сте на одмор внимавајте каква вода и храна консумирате – најчестата причина за појава на дијареја на одмор е контаминирана вода и храна
  • имајте секогаш со вас прва помош за превенција – оралните рехидрациони раствори се идеални за такви случаи.

Кој орален рехидрационен раствор е идеален за превенција од дехидратација? 

Алвоген О.Р.С. (орален рехидратационен раствор) се шумливи таблети кои се користат за едноставно и ефикасно лекување и спречување на дехидратација. Како додаток во исхраната ги надоместува неопходните соли и минерали, и на тој начин повторно воспоставува баланс во организмот.

Доаѓа во пакување од 12 ефервесцентни (шумливи) таблети. Едноставен е за употреба. За возрасни се раствораат 2 шумливи таблети во 200 ml вода. За новороденчиња и деца до 10 kg 1 таблета се раствора во 100 ml течност.

Во својот состав Алвоген О.Р.С.содржи: глукоза, натриум хлорид (NaCl), калиум хлорид (KCl) и лимонска киселина. Растворениот напиток има пријатна освежувачка арома на лимонада што го прави повкусен за консумирање.

При дијареа, повраќање и слично, најдобро е Алвоген О.Р.С.да се консумира веднаш. За оптимална ефикасност се препорачува да се пие полека, голтка по голтка.

Бидејќи е во супер практично пакување овој додаток во исхраната добро е секогаш да го имате со себе.

Не чекајте да се појават симптомите на дехидратација, користете го превентивно!

Можат да го користат и деца и бебиња

Алвоген О.Р.С.можат да користат деца од сите возрасти, вклучувајќи ги и бебињата. Пријатниот вкус кој потсетува на лимонада, го олеснува консумирањето на течноста која е неопходна да ги рехидрира децата.

За деца до 10 kg телесна тежина треба да се раствори 1 ефервесцентна (шумлива) таблета во 100 ml вода, дозирањето е на начин што детето за пиење најмногу може да консумира до 10 ml течност по килограм телесна тежина.

На пример, дете односно бебе од 5 kg телесна тежина би требало да испие 50 ml О.Р. С. течност. Кај мали бебиња можете О.Р.С растворот да го додадете и во кашичка.

Дете преку 20 kg телесна тежина се препорачува да испие 200 ml течност во која се раствораат 2 таблети.

Најдобро е да се спречи, не да се лечи!

Без разлика каде и да патувате, за вас или за вашите деца, имајте секогаш во куфер Алвоген О.Р.С шумливи таблети и бидете безгрижни!


Можеби ќе ве интересира:

Дехидратација кај децата за време на летото – колку е опасна, најчестите знаци, како да превенирате и како да третирате?

Зошто задолжително треба да носите електролити со вас на одмор?

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *