Low-carb тортиљи од само 3 состојки!

Споделете со пријателите

Одличен предлог за подготовка на здрави тортиљи кои содржат многу малку јаглехидрати. Доколку внимавате на внесот на јаглехидрати и сакате да намалите килограми овој рецепт е дефинитивно за вас.

Потребни состојки:

  • 8 белки
  • 50 g кокосово брашно (можете да го купите од било кој подобро снабден маркет)
  • ¼ лажичка прашок за пециво
  • 10 лажици вода

Начин на подготовка:

Во длабок сад најпрвин убаво изматете ги белките, потоа додадете го кокосовото брашно брашното, прашокот за пециво и водата. Убаво соединете ја смесата.

Тавата во која планирате да ги печете тортиљите премачкајте ја со малку кокосово или маслиново масло. Убаво загрејте ја и полека излијте дел од смесата. Печете на едната страна дури не започнат да се прават меурчиња, па потоа полека завртете и од другата страна и печете околу 1 минута.

Ако смесата ви е многу густа и првата тортља ви излегува дебела, слободно додадете малку вода.

По желба можете да додадете и зачини како лук во прав, куркума, оригано и слично.

Тортиљлите можете да ги филувате по сопствена желба. Премачкајте ги со сос од домати и додадете во нив туна или месо со ситно сечкан зеленчук.

Добар апетит!

FoodPunch
Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *