Low carb кето брауни  

Пред некое време случајно разгледувајќи си ги статистиките на Google Analytics видов дека најчитана објава од јули 2018 до јули 2019 ми е објавата – Кето исхрана како ефикасен начин на слабеење.

Верувале или не, но за 1 година оваа објава е отворена скоро 10. 000 пати. Ова ме поттикна за овој кето рецепт кој мислам дека ќе им биде од корист на оние кои го следат овој режим на исхрана.

Иако кето исхраната во светот се практикува многу одамна, кај нас трендот е во последната година. Овој начин на исхрана за слабеење е навистина ефикасен, но сепак е специфичен и бара посветеност и истрајност.

Освен за слабеење, овој диететски режим има и позитивни ефекти дури и кај одредени заболувања како што е епилепсија кај деца, но и кај одредени малигни заболувања. За ова ќе ви напишам друга објава затоа што имам многу што да ви кажам за кето. Сега да одиме на рецептот.

Состојки (за 16 парчиња):

  • 150 g мелени бадеми
  • 100 g путер
  • 30 g какао
  • 100 g темно црно чоколадо со 85% какао
  • 20 g стевиа
  • 1 лажичка нес кафе
  • 200 g свежи малини.

Подготовка:

Во длабок сад првин ги измешав мелените бадеми и какаото. Во блендер ги соединив јајцата, стевиата, кафето и малините. На многу тивок оган ги стопив путерот и чоколадото. На крај се соединив заедно и ставив во правоаголен плех да се пече. Одозгора додадов уште некоја цела малинка и боровинки, иако не мора.

Печев на 180˚С околу 15-тина минути и после уште 30 минути на 130˚С.

Вкусот е многу чоколаден, но одличен. Јас бидејќи не сум low carb човек си ја јадев со џем од вишни 😊

Превкусно!

Нутритивна вредност по парче:

  • 144 калории
  • 6 g јаглехидрати
  • 2 g масти
  • 3 g протеини

Можеби ќе ве интересира:

6 идеи за кето оброци (low carb diet)

Кето вечера: Свежа салата со семиња и јајце

Солени кето мафини

Вкусен кето оброк: Полнето пилешко со пармезан

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *