Пица со тесто од ленено семе (low carb)

Идејата за оваа пица ми потекна од крекрите со семиња без брашно кои ги имам направено многу пати. Рецептот за нив е тука.

Тестото, ако можам да го наречам тесто 😊 е без брашно, без млеко и без јајца. Всушност само од ленено семе, чиа, вода и зачини.

Филот за пицата може да си го модифицирате согласно вашиот вкус.

Подолу ќе ви пишам јас што ставив.

Пицата беше феноменална, неверојатно вкусна и што е најважно нутитивна. Одлична е доколку практикувате low carb (кето исхрана) затоа што скоро и да нема јаглехидрати.

Од количината на состојките кои ќе ви ги напишам, јас добив 3 пици и тоа не баш мали, доволни за ручек на двајца јадачи или на тројца не толку јадачи 😊

Потребни состојки:

за тестото:

  • 200 g ленено семе
  • 50 g чиа семе
  • 200-250 ml топла вода
  • зачини по желба.

фил:

  • доматно пире
  • оригано
  • варена црна леќа
  • печурки
  • моцарела
  • буковец

На крај кога се испече одозгора додадов сос од печена тиквица, сенф, кисело млеко и лук. Свежите зелени листови се блитва.

Тестото го подготвив така што првин во блендер ги изблендирав лененото семе и чиа семето. Потребно е убаво да се сомелат, потоа ги додавате зачините и на крај водата. Ќе добиете топче кое ќе можете да го извлечете во тенка кора со помош на сукало.

Јас направив кругови со капак од тенџере. На нелепливо тавче трите теста ги запеков многу кратко, по 1 минута од секоја страна, иако мислам дека не е потребно затоа што секако ќе се печат во рерна.

На крај редите се и ставате во рерна на 200˚С. Пицата е уживање.

Нутритивни вредности за парче тесто (без фил):

  • 430 калории
  • 33 g масти
  • 21 g јаглехидрати
  • 15 g протеини
  • 1050 g калциум
  • 22 g влакна.

Јаглехидратите иако не се нула, сепак станува збор за јаглехидрати кои се сложени, а не за прости шеќери.

Лененото семе е многу добар извор на калциум така што со едно парче од оваа пица вие ќе ги задоволите дневните потреби за калциум.

Дополнително количината на растителни влакна исто така ги задоволува дневните потреби за влакна (се препорачува 25 g дневно за оптимална работа на гастроинтестиналниот тракт).

Оваа пица е одлична доколку имате проблеми со отежнато празнење на цревата.

Можеби ќе ве интересира: Утрински напиток за чистење на дебелото црево

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистар по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *