Како да се мотивирате да вежбате во ладните, тмурни денови?

Дури и да спаѓате во групата на големи зависници од вежбање, сепак зимскиот период и ладните зимски денови навистина делуваат демотивирачки на нашето расположение и колку и да не си признаваме сепак не прават малку помрзеливи.

Но, како да го надминете тоа и како да се натерате себеси да излезете од топлиот дом и да отидете правец на вежбање?

Многу често се случува да немате никаква мотивација и желба за вежбање и со сила да се натерате да одите, но таму се случува магично чудо….само што ќе почнете веќе после првите 10 минути ви се создава неопишана енергија и веќе заборавате на тоа лошо и демотивирачко чувство кое го носевте од дома…Да тоа е така, затоа што вежбањето го подобрува расположението и уште во првите 10 минути од тренингот започнуваат да се лачат ендорфини.

Значи најтешкиот чекор е да се натераме себеси да појдеме на вежбање! 😀

Во продолжение неколку совети за да ја надминете оваа зимска криза:

1)Будете се со музика и светлина

Доколку вежбате наутро, најтешко е во ладните зимски утра да се кренете од топлата постела и да одите да вежбате. Но, за да ви биде полесно, штом ќе го слушнете алармот станете од кревет и пуштете во вашата соба светлина и дури се подготвувате слушајте ја вашата омилена музика. Тоа, ќе ве расони и ќе ви го подигне расположението со што ќе бидете помотивирани.

Можеби ќе ве интересира: Предности од утринскиот тренинг.

2) Одете на вежбање заедно со некој другар/другарка

Ако одите сами на вежбање многу е веројатно дека ќе си давате изговори и ќе си се тешите самите себеси зошто нема да одите денес . Но, кога одите со некој друг тогаш е друга приказна :D, така ќе се мотивирате взаемно и веројатноста дека ќе пропуштате часови е многу помала.

3) Закажувајте го тренингот стратешки

Изберете термин во денот за вежбање кој најмногу ви одговара. Можеби најдобро е да одите на тренинг веднаш после работа, затоа што така нема да одите дома и ќе ја надминете можноста да ве фати мрза додека малку одмарате пред телевизор.

4) Размислувајте за своето здравје

Секогаш кога ќе ве обземе демотивирачка мисла и ќе си речете “Епа, што денес не одам на вежбање….што ако пропуштам еден час?”, размислете си за сопственото здравје и спомнете си дека не вежбате за никој друг туку за самите себе. Придобивките од вежбањето се видливи, и физички, но и емоционално и психични само доколку сте редовни и вежбате подолг период. Бидете решителни и цврсти во донесувањето одлуки, не дозволувајте мрзеливоста да ви застане на патот и да ве натера да го пропуштите тренингот…замислете си па тоа е само 1 саат од целиот ден, а правите толку големо добро за себе си.

5) Заборавете ги изговорите

Многу е лесно да се најде изговор за не правење нешто, но запомнете дека доколку направите добра организација на работите ќе имате време и за себе си, и за семејство, и за вежбање, и за кафе со пријателите и за уживање….

За времето што ќе го потрошите за смислување изговори, можете да завршите половина тренинг. Сите на овој свет имаме 24 часа во денот и сите имаме многу обврски, но само добра организација на истите гарантира успех. Стиснете заби и бидете построги со себе. Од лежење спомени нема, времето што го трошите на социјалните мрежи заменете го со добар тренинг (затоа што сигурно трошите повеќе од 1 саат во текот на еден ден).

Доколку конечно сакате да започнете да вежбате, ама не знаете каде, тогаш посетете го нашето студио.

Лоцирани сме во хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Тафталиџе и нудиме широка програма со многу активности (степ аеробик, микс аеробик, мат пилатес, кардио пилатес, пилатес топка, утрински пилатес и уште многу други).

Ви ветуваме одлична мотивација и загарантиран успех. На сликата подолу, погледнете ја целосната програма, а за повеќе детали, уписи и резервации побарајте не на телефон 071 273 982.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *