Намалете ги маснотиите во крвта со помош на лимон и целер

Одржување оптимално ниво на масти во крвта е клуч за добро кардиоваскуларно здравје. Лошата и нередовна исхрана, богата со заситени масти и прости шеќери е еден од главните причинители за појава на зголемени нивоа на триглицериди и холестерол во крвта. Освен храната на зголемување на мастите големо влијание има и конзумирањето на алкохол, пушењето цигари како и физичката неактивност.

Зголемените масти во крвта се главните причинители за појава на артериосклероза и висок крвен пртисок. Сето тоа може да доведе до појава на срцеви и мозочни удари.

Можеби ќе ве интересира: Се што треба да знаете за високиот крвен притисок и 5 начини како да го намалите.

Во продолжение споделуваме со вас домашен, брз и едноставен рецепт за подготовка на напиток кој ќе ви помогне да се справите со вишокот маснотии во крвта на природен начин. Станува збор за напиток од лимон и целер.

Потребни состојки:

  • 1 kg лимони
  • 1 парче целер со средна големина (со листови и корен)
  • 2 L вода (зовриена)

Начин на подготовка:

Лимоните убаво измијте ги и излупете ги. Насечкајте ги на коцки и ставете ги во блендер. Целерот убаво измијте го и него насечкајте го на коцки и додадете го во блендерот. Мешајте околу 3-4 минути дури не добиете еднолична смеса. Во случај да е многу густо слободно додајте малку од водата. На крај ставете ја смесата од лимон и целер во подлабок сад и додадете ја целата вода (зовриена). Поклопете го садот и оставете го преку ноќ (минимум 8 часа). Наредниот ден убаво процедете и складирајте го напитокот во стаклено шише.

Како да го конзумирате?

Пијте наутро и навечер по 30 ml на гладен стомак.

За крај не заборавајте дека здравата и избалансирана исхрана во комбинација со физичка активност се клучот за доброто здравје!

Корисни линкови:

Како физичката активност го подобрува целокупното здравје?

Навики во исхраната за добро здравје! 

Зошто треба почесто да јадете целер?

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *