Како да ја спречите зависноста од благо

Дали сте се запрашале зошто посегнувате по чоколадо или торта кога се чувствувате тажно или депресивно.

Од научен аспект, докажано е дека простите шеќери овозможуваат лачење на серотонин. Серотонинот е хормон кој го подобрува расположението, па недостатокот на серотонин ја предизвикува и зголемува потребата за благо.

Но, прекумерно конзумирање на ваква храна предизвикува низа здравствени проблеми како: дијабетес, вишок килограми, зголемено ниво на холестерол, проблеми со срцето и со целиот кардиоваскуларен систем. Исто така конзумирањето на бел шеќер го оштетува црниот дроб, го пореметува хормоналниот баланс и го зголемува ризикот од појава на малигни заболувања.

Како да го прекинете овој циклус?

Секогаш кога ќе се препуштите на желбата за благо, во телото доаѓа до брзо зголемување, а потоа брзо намалување на нивото на шеќер во крвта. Намалувањето на шеќерот во крвта предизвикува да се чувствуваме поспано и летаргично, па желбата за благо повторно се појавува.

На овој начин се креира непрекинат циклус од потреба за благо кој многу му штети на телото.

Следните намирници ќе ги задоволат вашите потреби за серотонин и за благо, без да му наштетат на вашето здравје. Ова се претежно намирници кои содржат одредено ниво на шеќери, но тоа се сложени шеќери кои имаат низок гликемски индекс.

  1. Домати

Доматите се многу корисни во борбата против зголемените потреби за шеќер бидејќи содржат многу триптофан, а тоа е аминокиселина која е прекуросор за синтеза на серотонин. Тие исто така се богати и со хром, кој го намалува апетитот, го регулира холестеролот како и нивото на глукоза во крвта.

  1. Јаболка

Една од најдобрите овошја за потиснување на желбата за благо. Можете да ја носете секаде со вас, нема потреба да ја лупите или сечкате за да ја јадете.

  1. Пченка

Пченката е одлична намирница која ја потиснува желбата за благо, без разлика дали е печена или варена. Изобилува со антиоксиданси, витамини, минерали и диететски влакна. Освен желбата за шеќер, пченката ќе ве одржи сити подолго време.

  1. Сладок компир

Сладкиот компир освен што ќе ви ја задоволи потребата за благо, ќе ви помогне да ги задоволите дневните потребите за есенцијалните витамини и тоа: Б6, Ц и Д, како и потребата за железо.

Докажано е дека хранливите состојки во слаткиот компир помагаат во превенција од кардиоваскуларни болести, малигни и дегенеративни заболувања.

  1. Цимет

Циметот е одличен зачин со прекрасен вкус и мирис. Тој ги спречува наглите осцилации на шеќерот во крвта, односно го спречува брзиот пад на шеќерот, а со тоа ја спречува и потребата за шеќер.

Како заклучок ви предлагаме шеќерот во рецептите за подготовка на десерти да го замените со следните здрави алтернативи:

  • мед
  • јаворов или агаве сируп
  • стевиа
  • кокосов шеќер

Ова се нашите предлози за подготовка на здрави десерти.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *