Намаз од лешници и таан

Споделете со пријателите

Вкусен и нутритивен намаз кој може да има многу примени. Можете да го мачкате на интегрално лепче, да го јадете со галети, со овошје, да си го ставите во овесна каша, да си го мачкате на палачинки или со вафлли, да си го збогатите утринското смути или пак да си подготвите вкусни енергетски бомбици.

Потребни состојки:

  • 300 g непечени лешници
  • 3 лажици таан
  • 3 лажици маслиново масло
  • многу малку сол
  • 1 лажица мед.

Начин на подготовка:

Лешниците ги испеков во рерна многу кратко, потоа ги почекав да се изладат па ги ставив во блендер со сите други состојки. Подобро е ако имате процесор, јас користев Нутрибулет. Блендирав неколку пати по 20-30 секунди со промешување. Од овие состојки ја наполнив оваа тегличка и плус ми остана уште малку.

Вкусот е неверојатен!

https://www.instagram.com/p/CALPB3inoZt/
Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистар по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *