5 намирници кои го регулираат апетитот

Споделете со пријателите

Чувствувате глад во текот на целиот ден, оброкот не ви е доволен, па затоа често јадете слатки и чоколади…

Време е да внесете одредени промени во исхраната кои ќе ви помогнат подолго време да останете сити. Постојат намирници кои имаат моќ да го регулираат апетитот. Прочитајте повеќе во продолжение.

  1. Риба

Рибата е богата со протеини, што значи дека не предизвикува нагло покачување на инсулинот во крвта. Енергијата која ја содржи рибата многу споро се ослободува во крвта и токму поради тоа држи ситост подолго време. Рибата исто така е одличен извор на есенцијални омега-3 масни киселини кои помагаат во намалување на нивото на холестерол во крвта. Омега- 3 масните киселини имаат моќ да го контролираат и регулираат нивото на инсулин во крвта што помага во контрола на нападите на глад и намалување на таложењето на масното ткиво околу стомакот.

  1. Чили

Лутиот чили зачин како главна активна компонента го содржи капсацинот кој е одговорен за многуте позитивни ефекти кој ги има овој зачин.  Чили зачинот го стимулира варењето на храната и го помага слабеењето. Овој зачин го поттикнува согорувањето на калориите, но влијае и на рамнотежата на инсулинот и шеќерот во крвта. Капсацинот докажано го намалува апетитот и помага во полесно топење на масното ткиво.

  1. Јаболка

Јаболката содржат многу вода и многу хранливи состојки, а малку калории. Богати се со нерастворливи растителни влакна кои помагаат во регулирање на нивото на шеќерот во крвта. Јадете ги јаболката полека и секогаш јадете минимум 1 час пред оброк, така ќе ја намалите количината на храна која ќе ја внесете по оброк.

  1. Овесни снегулки

Овесните снегулки ќе ве направат да се чувствувате сити подолго време. Бета-глуканот во овесот го намалува апетитот преку стимулација на лачење на хормони кои го контролираат апетитот. Освен тоа овесните снегулки го зголемуваат имунитетот, го намалуваат нивото на холестерол во крвта и помагаат во контрола на дијабетесот.

Наш предлог:  Овесни снегулки со семиња и јаболко.

  1. Компир

Компирот го “бие” лош глас кога е во прашање слабеењето, но во суштина тоа не би требало да е така. Само за споредба 100 g варен компир има 2 пати помалку калории споредено со истата количина варен ориз или тестенини.

Компирот содржи сложени јаглехидрати кои не предизвикуваат нагло покачување на инсулинот во крвта, тоа помага во контрола на нападите на глад и регулирање на апетитот.

Бидете внимателни како ќе го подготвите компирот, најдобро е варен или печен.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *