Одберете намирници кои создаваат чувство на ситост

Споделете со пријателите

Кога ќе се решите дека е крајно време да намалите некој килограм, тогаш јасно е дека некои од прехранбените навики морате да ги замените со други кои се малку “поздрави”. Во процесот на слабеење луѓето најчесто потфрлуваат поради постојаното чувство на глад кое знае да биде неподносливо, особено во првите неколку денови од промената на исхраната.

За да ги немате тие кризни моменти на слабост и глад кои можат да ве доведат до “искушение”, воведе ги овие 5 намирници во секојдневното мени кој имаат моќ да ве одржат сити подолго време.

1.Пробиотски јогурт

Пробиотиците се вистински пријатели на нашиот дигестивен тракт. Овие “пријателски бактерии” не само што го подобруваат варењето и се грижат за здравјето на цревата туку се и одлични затоа што даваат одлично чувство на ситост подолго време.

Изберете квалитетен јогурт или кисело млеко и вклучете го во оброкот.

Наш предлог: Утринско освежување: Овошна салата со јогурт

2.Јаболка 

Јаболката се извонредни намирници кои се полни со растителни влакна и многу витамини и минерали. Изедете едно јаболко 30 до 40 минути пред оброкот и така ќе превенирате прејадување. Јаболката имаат моќ да го регулираат шеќерот во крвта, што исто така помага во контрола на нападите на глад во текот на денот.

3.Авокадо

Доколку додадете половина авокадо во вашиот оброк, желбата за храна плус после оброкот ќе ви се намали дури за 40 % затоа што авокадото изобилува со здрави масти кои се калорични и ќе ве одржат сити подолго време сити.

Наш предлог: Кремаст чоколаден пудинг од авокадо

4.Јајца

Протеините кои ги содржат јајцата даваат чувство на ситост и ќе ви помогнат да останете сити подолго време. Неодамна е направена студија во која луѓе кои за појадок јаделе јајце загубиле 65 % повеќе тежина споредено со луѓе кои за појадок јаделе пециво.

Наш предлог: Кето вечера: Свежа салата со семиња и јајце

5.Супа од зеленчук

Супата е одличен начин да го “залажете” желудникот дека сте му дале голема количина на храна. Ако ја јадете пред оброк, со сигурност ви гарантираме дека количината на храна која ќе ја изедете во тој оброк ќе биде многу помала. Гледано на долгорочен план тоа може многу да помогне во слабеењето затоа што супата од зеленчук сама по себе не содржи многу калории, а сепак може да биде нутритивно богата со микро нутритиенти, витамини и минерали.

Наш предлог: Здрава крем супа од броколи

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *