Дали навистина постојат намирници со негативни калории?

При обидот за губење килограми, многу луѓе најчесто започнуваат да ги бројат калориите и да истражуваат колку калории има во една чаша јогурт, колку има едно јаболко, банана, едно парче пица и сл., се со цел да го намалат нивниот внес за да почнат да слабеат.

Калориите се мерка за тоа колку енергија се наоѓа во одредени намирници.

Формулата за слабеење сите ја знаеме, јадете помалку калории отколку што трошите и ефектите ќе бидат брзи.

Одредени намирници се многу популарни кога е во прашање губењето на килограмите затоа што за нив се вели дека се намирници со “негативни калории”, но дали навистина постојат такви намирници и дали храната може да има негативни калории?

Кои намирници се со негативни калории и дали воопшто постојат?

Храната што ја јадеме го снабдува нашето тело со најразлични нутритиенти вклучувајќи ги трите најбитни макронутритиенти кои се најбогати со енергија: јаглехидрати, масти и протеини.

За нашето тело да ја искористи енергијата од храната складирана во гореспоменатите макронутритиенти мора најпрвин да ја дигестира и разгради до најситни структурни единици. За јаглехидратите тоа е глукозата, за мастите масните киселини, а за протеините амино киселините.

Количината на енергија што телото ја користи за метаболизам на храната зависи од типот на намирници и од тоа со што ги комбинираме.

Доколку постои храна со негативни калории би требало за метаболизам на тие намирници телото да троши повеќе енергија отколку што содржат истите.

Храна која се промовира како храна со негативни калории се најчесто одредени зеленчуци кои имаат во себе голем процент на вода.

Некои од нив се следните:

  • целер:14 калории во 100 g, 95% вода (2)
  • моркови52 калории во 130 g, 88% вода (3)
  • зелена салата (марула)5 калории во 35 g, 95% вода (4)
  • брокули31 калории во 90 g, 89% вода (5)
  • грејпфрут69 калории во 230 g, 92% вода (6)
  • домати32 калории во 180 g, 94% вода (7)
  • краставици8 калории во 50 g, 95% вода (8)
  • лубеница46 калории во 150 g, 91% вода (9)
  • јаболка53 калории во 110 g, 86% вода (10)

Во оваа листа на намирници исто така можат да се вбројат и лимоните, зелката, бобинките и тиквицата.

Можеби ќе ве интересира: Табела со нутритивни вредности на најупотребуваните зеленчуци во исхраната

Сите погоре набројани намирници сепак содржат калории и не можеме со сигурност да кажеме дека за метаболизам на истите е потребно повеќе енергија и да ги вброиме в листата на намирници со негативни калории. Да, тие содржат многу малку калории и ќе ви помогнат многу доколку сакате да ослабете, но сепак не треба слепо да веруваме дека не содржат никакви калории.

Дали телото троши калории кога ја џвакаме  храната?

Некои луѓе се прашуваат дали енергијата потрошена за време на џвакањето може да помогне храната да биде со негативни калории.

Ограничен број на истражувања покажаа дека мастиката за џвакање ја зголемува енергијата што нашето тело ја користи за околу 11 калории на час.

Затоа, количината на енергија што ја користиме во текот на неколку минути џвакање целер или друга храна е веројатно многу мала и релативно неважна.

Колку калории телото троши за да ја метаболизира храната?

Во секој случај нашето тело сепак користи енергија за да ја метаболизира храната, но бројот на калории кои ги троши телото е многу помал отколку содржината на калории што ја содржи храната која ја јадеме (прочитајте повеќе).

Пример, енергијата која ја користи телото за дигестија и метаболизам е вообичаено 5 до 10 % од калориите кои ги содржи храната  богата со јаглехидрати, 0 до 5 % за храна богата со масти и дури 20 до 30 % за храната која содржи протеини.

Затоа се препорачува да јадете претежно протеинска исхрана доколку сакате да намалите килограми.

Заклучок:

Храната која се декларира како храна со негативни калории е сепак храна која содржи многу мал процент на калории и голем процент на вода, ваквата храна ќе ви помогне доколку сакате да ослабете, но клучот за витка линија сепак зависи од целокупната храна која ја внесуваме и физичката активност која ја имаме во текот на денот.

Јадете здрава и избалансирана исхраната и останете максимално физички активни, тоа ви гарантира подобар квалитет на живот, повеќе самодоверба и секако помалку килограми 🙂

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *