Најдобри напитоци за детоксикација и намалување на апетитот

Споделете со пријателите

Моментите на слабост кога посегнувате по “недозволената” храна најлесно би можеле да ги победите со помош на одедрени напитоци кои не содржат калории. Чуството на глад многу често го мешаме со чувството на жед, така што доколку мислите дека сте гладни, а знаете дека пред 1 час обилно јадевте, не посегнувајте по храна. Ви даваме идеи за напитоци кои се одлични за детоксикација, хидратација, а исто така и согорување на калории.

Зелен чај

Зелениот чај е надобро оружје во борбата против масните наслаги. Затоа, ако до сега не го конзумиравте, еве ви добра причина да започнете. Овој чај е богат со катехини кои се природни антиоксиданси. Зелениот чај го забрзува метаболзмот, го поттикнува трошењето на калориите и помага во топење на масните наслаги. Внимавајте да не го козумирате пред спиење затоа што содржи многу кофеин. Овој чај содржи повеќе кофеин од кафето, но помалку од црниот чај.

geen

Смути со банана

Банана, неколку замрзнати бобинки и вода или јогурт е совршена комбинација на напиток/оброк кој ќе ви ја угасне желбата за благо. Ваквиот напиток е богат со калциум, калиум и многу антиоксиданси. Јогуртот од друга страна е полн со пробиотици кои приоднесуваат за подобро функционирање на дигестивниот тракт. Овој напиток би можел да ви биде и одлична замена за доручек или вечера.

Кафе

Кофеинот го намалува апетитот и го забрзува метаболизмот. Освен тоа кофеинот го зголемува и нивото на енргија во телото. Врзано со тоа постојат многу истражувања со кој е докажано дека луѓето кои пијат кафе пред тренинг, можат да вежбаат подолго и понапорно споредено со тие кои не пиеле кафе пред тренинг.

Ќе ве интересира: Болести кои ги спречува утринското кафе.

coffee

Топла супа

Доколку пред главниот оброк јадете супа, го намалувате ризикот од прејадување. Исто така доколку почувствувате глад и сакате да јадете, слободно посегнете по чинија зеленчукова супа. Супата е нискокалорична, но и здрава. Тоа што можете да изедете од неа колку сакате ќе ви го наполни желудникот и ќе се чувствувате прејадено.

Рецепт: Доматна супа

vegetable-soup

Топол какао напиток

Какото е полно со антиоксиданси и е одличен напиток кој ќе ви ја згасне желбата за чоколадо. Засладете го со малку мед и цимет и уживајте.

Чај од ѓумбир

Чајот од ѓумбир го намалува апетитот но, исто така го забрзува и метаболизмот. Рецептот за подготовка на чај од ѓумбир е многу едноставен. Изрендајте свеж ѓумбир околу еден cm и прелијте го со 200 ml зовриена вода. Оставете го 10 минути да стои, па потоа процедете. Наместо со свеж, чајот можете да го подготвите и со ѓумбир во прав, со тоа што на 200 ml вода ќе ставите половина лажичка ѓумбир.

lemongrass-and-ginger-2

Чај од нане

Чајот од нане исто така има влијание на намалување на апетитот. Нането од друга страна го подорува варењето и ги смирува немирните црева.

Сок од лимон

Сокот од лимон е одличен нискокалоричен напиток кој ќе ве освежи и ќе ве наполни со потребната доза на витамин Ц. Конзумирањето на лимонова вода наутро на гладен стомак има бројни бенифити по здравјето.

lemon

Протеински шејк од сурутка

Сурутката не е само за бодибилдери. Една порција протеинска сурутка содржи исто толку протеини колку што содржи и парче месо. Измешајте во блендер 30 g сурутка во прав со 1/2 банана, неколку бадеми и неколку замрзнати бобинки по желба. Овој оброк е одличен за после тренинг бидејќи е полн со протеини кои им се потребни на мускулите за побрза регенерација.

protein

Овошна вода

Вода со природна арома и овошен вкус е вкусно и здраво освежување. Направете во поголема количина и чувајте ја во фрижидер. Вака подготвената вода со природна овошна арома е здраво освежување, затоа што е нискокалорична и не содржи вештачки бои и ароми. Неколку идеи за подготовка на овошна вода пронајдете тука.

Ќе ве интересира: Вода со јаболко и цимет за природно забрзување на метаболизмот.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *