Напиток од грејпфрут и јаболков оцет кој ги намалува масните наслаги и го прочистува црниот дроб  

Нарингенинот е антиоксиданс (флавоноид) кој се наоѓа во грејпфрутот, но и во другите цитрусни  овошја. Тој покрај антиоксидативните својства има и дополнителна моќ да го поттикнува црниот дроб да ги разградува мастите, но исто така помага и за зголемување на осетливоста на инсулин.

Доколку саката да дознаете повеќе научни факти и каков е во целост механизмот на дејство на нарингенинот врз телото, погледнете ја студијата на линкот подолу:

“Effect of Citrus Flavonoids, Naringin and Naringenin, on Metabolic Syndrome and Their Mechanisms of Action”.

Како да подготвите напиток од грејпфрут и јаболков оцет за намалување на масните наслаги и за прочистување на црниот дроб?

Потребни состојки:

  • 2 лажици јаболков оцет
  • сок од 1 грејпфрут
  • сок од еден портокал
  • ½ лажичка цимет
  • 150 ml вода.

Овој напиток е најдобро да го консумирате 15 до 20 минути пред оброк или пак наутро.

Освен што ќе ви го поттикне метаболизмот на мастите и ќе ви го прочисти црниот дроб, овој напиток е одличен и за контрола на шеќерот во крвта.

*Сепак доколку се одлучите да го консумирате, а примате хронична терапија од повеќе лекови, тогаш задолжително консултирајте се со својот лекар или фармацевт затоа што грејпфрутот вржи инхибиција на одредени хепатични ензими кои вршат метаболизам на повеќе лекови. Поради тоа може да дојде до зголемување на плазматските концентрации на некој од лековите кои ги пиете, сето тоа може да доведе до потенцирање на несаканите ефекти на истите.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *