Напиток за освежување, подобра дигестија и посилен имунитет

Споделете со пријателите

Дечки рецептот кој го имам денес не е ниту оброк, ниту десерт, туку вкусен топол напиток за подобрување на дигестијата и за зајакнување на имунитетот.

Можете да го консумирате наутро како замена за утринското кафе, 30 минути пред или после оброк или пак навечер пред спиење.

Комбинацијата на состојки е одлична доколку имате гасови, надуеност или непријатности со дигестивниот тракт.

Многу од состојките покажуваат и имуномодулаторни дејства така што редовното консумирањето на овој напиток ќе помогне и за зајакнување на обременета моќ на телото.

Состојки:

  • 150 ml чај од нане
  • 150 ml кокосово млеко (*на крај ви напишав рецепт како сами да си направите)
  • 1 лажичка мед
  • 1/4 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка куркума

Начин на подготовка:

Кесичката нане прелијте ја со зовриена вода и почекајте 10 минути. Во друг сад ставете го кокосовото млеко кое треба да биде топло, значи го загревате ама не до вриење, потоа го додавате медот, циметот и куркумата.

На крај го додавате и чајот од нане и соединувате убаво. Ако имате машинка за нес кафе можете со неа убаво да измешате, но можете и како мене само со лажица.

Пијте го топло и уживајте!

*Рецепт за кокосовото млеко:

  • 2 големи лажици кокосови трошки се потопуваат со 300 ml топла вода и се остава така 3-4 часа. Потоа се блендира и процедува.
  • Друг начин, што е порелевантен е доколку имате вистински кокос (јас немав), го чистите ја вадите внатрешноста, го сечкате на коцки и го блендрате заедно со 500-600 ml вода (зависи колкав бил кокосот), потоа само процедувате (може да ја додадете и водата што ја има во самиот кокос).

На здравје!!!

https://www.instagram.com/p/B-uLUh2nauI/?utm_source=ig_web_copy_link
Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистар по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *