Нега на кожата во бременоста – спречете ја појавата на стрии

Бременоста е период кога во телото се случуваат навистина многу промени. Жените кои по прв пат искусуваат бременост најчесто имаат милиони прашања кои постојано им се вртат низ главата.

Проблемот со стриите е проблем со кој се соочува скоро секоја трудница. Стриите најчесто се јавуваат поради забрзаното ширење на кожата кое е најизразено на стомакот.

Во последното тромесечје бебето расте со многу голема брзина и предизвикува брзо ширење на кожата, што е главната причина за појава на стрии во бременоста.

Стриите освен на стомакот можат да се јават и на градите, колковите, задникот, нозете и рацете.

Доколку се појават многу е потешко да се ослободиме од нив и затоа најдобро е да ја спречиме и превенираме нивната појава со соодветна нега на кожата во бременоста.

Како да ја спречите и контролирате нивата појава?

1)Внимавајте на тежината

Зголемување на килограмите многу повеќе отколку што се препорачува да се случи во бременоста е едена од главните причини за појаваа на стрии. Внимавајте на исхраната и останете максимално активни, тоа е едно од основните правила за превенција на прекумерно покачување на килограмите во бременоста кое освен стриите носи и други последици.

2) Останете максимално хидрирани

Внимавајте да внесувате доволно течности во телото и да останете максимално хидрирани. Најдобро е да внесувате голема количина на вода и незасладени чаеви. Бидејќи во бременоста не се дозволени сите чаеви се препорачува да бидете претпазливи со изборот. Чајот од брусница (Виталиа) е одличен затоа што покрај тоа што ќе ве хидрира ќе ви помогне и во превенција од уринарни инфекции.

Избегнувајте да внесувате газирани и засладени сокови кои се богати со празни калории.

3)Хранете се здраво и балансирано

Здравата исхрана е секогаш пат до убаво тело и убава и негувана кожа. И во бременоста потрудете се да се храните максимално здраво и балансирано, така ќе обезбедите оптимален внес на нутритиенти за плодот, но и одлично здравје за Вас.

Храна богата со омега-3 масни киселини, цинк, витамин Ц и витамин Д е особено делотворна кога е во прашање здравјето на кожата.

4) Бидете физички активни

Физичката активност во бременоста ја забрзува циркулација и има повеќе позитивни ефекти врз телото на мајката.

Доколку вежбате во бременоста ќе имате многу повеќе енергија, ќе превенирате зголемување на килограмите, ќе го намалите ризикот од појава на отоци, појава на запек и секако ќе имате поубава и посјајна кожа затоа што со физичката активноста се забрзува и се поттикнува циркулацијата во целото тело. Сето тоа директно или индиректно влијае и превенира појава на стрии и целулит во текот на бременоста.

Како да ја негувате кожата во бременоста и на природен начин да ја спречите појава на стрии?

Освен погоре споменатите работи секако дека за превенција на стриите во бременоста е потребна и соодветна козметичка нега на кожата.

Соодветната нега на кожата е клучот до убава негуваната и еластична кожа. Во бременоста поради бројните хормонски промени секако дека е потребно дополнително негување за одржување на здравјето на кожата.

Кои се најделотворни препрати за превенција на стрии?

Арганово масло – Виталиа

Аргановото масло потекнува од Мароко, а се добива од оревот на дрвото Арган. Ова таканаречено течно злато е исклучително богато со минерали и витамини и претставува вистински еликсир во козметиката.

Аргановото масло е одлично за нежна масажа на стомакот во бременоста. Редовната употреба на арганово масло за време на бременоста ја зачувува еластичноста на кожата. Тоа го прави така што спречува уништување на есенцијалните протеински структури наречени колаген и еластин.

Масните киселини во аргановото масло исто така имаат позитивно влијание врз кожата. Тие го зачувуваат интегритетот на клетката и делуваат превентивно. Колку се поинтегрирани клетките толку е поголема еластичноста.

Користете го аргановото масло навечер пред легнување правејќи нежна масажа на стомакот и бутовите. Доколку го користите континуирано во текот на целата бременост со сигурност ви гарантираме дека ќе ја спречите појавата на стрии.

Освен за нега на кожата на телото аргановото масло можете да го користите и за нега на косата и нега на кожата на лицето.

Кокосово масло – Виталиа

Маслото од кокос е одлично и за интерна употреба, но и за нега на кожата.  Ова масло има антибактериски и антивирусни својства и продира во кожата многу брзо.

Користете го кокосово масло како крема за тело, за да добиете мека кожа нанесете го на кожата после туширање, а особено за да ја хидрирате кожата во текот на зимата.

Одлично е да се користи во бременоста затоа што е многу хранливо и дава вистинска еластичност и здравје на кожата, притоа спречувајќи ја појавата на стрии и целулит.

Кокосово масло има благ SPF фактор и на тој начин може да се користи наместо крем за сончање во текот на летото.

Бонус совет:

Направете си сами хранлив маслен лосион за нега на кожата кој ќе ви помогне да ја спречите појавата на стрии во бременоста.

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Сите состојки измешајте ги заедно и од добиениот маслен лосион масирајте ја кожата на стомакот секоја вечер после туширање.

За максимални ефекти правите си еднаш неделно нежен пилинг со талог од кафе на целата кожа, но бидете внимателни, со нежни  и кружни движења полека масирајте ја кожата.

Секогаш после пилингот нежно масирајте ја кожата со некое од погоре наведените масла или пак доколку го направивте лосионот задолжително масирајте ја кожата со него.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *