Неодолив интегрален колач со праски

Ова неодоливо слатко задоволство се подготвува навистина едноставно, одличен е доколку ви се најават гости, а немате идеа со што да ги изненадите.

Доколку немате праски, можете да ги замените со кајсии, малини, вишни или пак со било кое друго ваше омилено овошје.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 100 g мелени ореви (можат да се заменат и со бадеми, лешници и сл.)
  • 150 g интегрално брашно
  • 100 g путер
  • 100 g кафеав шеќер
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 3 праски.

Начин на подготовка:

Во длабок сад најпрвин измешајте ги сувите делови: мелените ореви, интегралното брашно и прашокот за пециво.

Во друг сад со миксер ги измешајте ги јајцата и кафеавиот шеќер.

Во садот со јајцата и шеќерот внимателно додадете го путерот, претходно стопен на пареа. Додека го додавате мешајте со миксерот, но со помала брзина.

На крај двете смеси соединете ги.

Во сад за печење ставате хартија за печење и врз неа попрскајте малку маслиново масло. Истурете ја смесата.

Врз смесата додадете ги праските кои претходно сте ги насечкале на ситни коцки.

Ставате да се пече на температура од 180°С околу 30-тина минути.

Погледнете ја целата постапка на подготовка низ нашите фотографии.

Колачот е едноставно неодолив.

Сочен, но истовремено и крцкав. Вистинско уживање за летните денови!

Добар апетит!

Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *