FITLIFE FITNESS STUDIO

FITLIFE FITNESS STUDIO е аеробик и пилатес клуб специјализиран за групни фитнес активности, основан во 2017-та година.
За да бидеме поблиску до вас, лоцирани сме на две локации во Скопје:
Кисела Вода (веднаш до Стара Рампа) и Козле (во близина на Македонска Куќа).

Нашата мисија е да им помогнеме на нашите клиенти да го сменат својот начин на живот и физичката активност да ја направат свое секојдневие.
Кај нас нема да добиете само обичен тренинг, туку и мотивација и многу стручни совети поврзани со исхраната. На нашиот сајт можете да најдете многу корисни совети за здрава исхрана, фитнес и убавина, но и многу здрави и лесни рецепти.

За да бидете во тек со сите наши новости следете не и на инстаграм @fitlife_pilates_aerobic

Без разлика која е вашата цел, да ослабете и да изгледате подобро, да имате повеќе енергија или пак да се чувствувате добро после напорниот ден, ние сме тука за Вас.

Вежбањето ќе Ве направи помотивирани, поисполнети и поведри.
Направете го вистинскиот чекор и веднаш резервирајте си место во некоја од нашите групи.
Контактирајте не на 071 273 982 или на 071 226 354 и дозволете ни да правилно да Ве водиме во промената на вашиот животен стил.

Ваш FITLIFE TEAM

Вежбајте Пилатес и Аеробик

Јогалатесот е идеална комбинација на јога и пилатес движења. Во основа овој тренинг е многу подинамичен од класичната јога и претставува креативен начин на комбинирање на асаните, фитнес позициите и дишењето како главни елементи. Овие тренинзи се одлични затоа што јогата дава флексибилност, а пилатесот дава сила.

aеробик

Високо ефективен аеробен тренинг за намалување на масното ткиво и подобрување на кондицијата и координацијата во ритам. Аеробикот како кардио активност ќе ви помогне во ослободување од стресот и негативната енергија и ќе ве направи да се чувствувате посреќни и поисполнети.

power pilates

Тип на часови со повисок интензитет, наменети за луѓе кои се физички активни и се кондиционо спремни. Вежбите во овој тип на часови ги активираат сите мускулни групи.

low impact pilates

Часови со помал интензитет кои се наменети за почетници и за луѓе кои долго време не биле активни и се помалку кондиционо спремни. Можат да го вежбаат и повозрасни.

afterwork

Овој тренинг е наменет за оние кои сакаат да вежбаат веднаш после работното време. Интензитетот на вежбите зависи од групата, вообичаено среден до висок интензитет.

morning pilates

Најдобар и најефикасен начин за да го разбудите телото е утринскиот тренинг. Вежбањето наутро на гладно имa најсилен ефект врз топење на масното ткиво.

Пилатес за трудници

Овој тип на часови се специфично наменети за трудници со модифицирани вежби кои се прилагодени за состојбата. Движењата и вежбите се безбедни да се изведуваат во бременост доколку мајката има нормална бременост.

јогалатес

Јогалатесот е идеална комбинација на јога и пилатес движења. Во основа овој тренинг е многу подинамичен од класичната јога и претставува креативен начин на комбинирање на асаните, фитнес позициите и дишењето како главни елементи. Овие тренинзи се одлични затоа што јогата дава флексибилност, а пилатесот дава сила.

Пилатес 45+

Специјализирана група за Пилатес со модифицирани и специфично прилагодени вежби наменети за повозрасни. Овој тип на пилатес е одличен за подобрување на подвижноста на зглобовите, за намалување на болките во грбот, за зголемување на енергијата и за забрзување на метаболизмот.

Локација Кисела Вода

ул. Невена Ѓеоргиева Дуња бр. 1

Локација Козле

ул. Миле Поп Јорданов 68, кула 12, Скопје
(спроти кафана Чашка - Козле)

Инструктори