Како сами да подготвите домашна здрава Нутела

Споделете со пријателите

Нутритивен десерт, полн со антиксидански, витамини и омега 3.

Одлична здрава варијанта на чоколаден крем кој е неодолив  и тоа особено за најмалите.

Овој чоколаден намаз можете слободно да го давате на дечиња над 1 година. Намачкајте го на лепче или пак комбинирајте го со некои здрави палачинки:

Киноа палачинки (без јајца и без брашно)

Здрави палачинки со банана и овесни снегулки

Потребни состојки:

  • 240 g мелени печени несолени лешници – може да ги мелете во Нутрибулет или сличен процесор
  • 3 лажици мед
  • 3 лажици какао
  • 120 ml бадемово, кокосово или оризово млеко
  • 1 лажичка кокосово масло или маслиново масло
  • малку ванила
  • неколку зрнца сол

Начин на подготовка:

Сите состојки се мешаат заедно дури не добиете густа хомогена смеса.

Вкусот е толку богат и чоколаден што сигурно ќе ве освои со првото залче.

Лешниците содржат големо количество на витамини и минерали, особено Витамин Е. 100 g лешници содржат 100% од дневните потреби за овој витамин кој е моќен антиоксиданс. Исто така содржат и големо количество на магнезиум, калциум, калиум, фосфор, витамини од групата Б како и диететски влакна. Оваа здрава намирница навистина заслужува да биде дел од секојдевната исхрана.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

2 Comments

  1. Колку време може да стои во фрижидер? И колку би можело со обично млеко?

    1. во фрижидер 7-10 дена сигурно

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *