Намалете ја зависноста од шеќерот пред да започнат празниците

Како да се ослободите од зависноста од шеќерот?

Знаеме дека едвај ги чекате божиќните празници. Поради одморот од работа, но секако и поради вкусната храна.

И секако си помислувате дека баш сега не е време да се откажувате од шеќерот и од сите слатки убавини.

Но, продолжете да читате, нашиот предлог е да се откажете од шеќерот во месец декември, само до Нова година, тоа се само неколку денови дена и не е воопшто страшно!

Зошто да го направите ова?

Најголемата придобивка ќе биде тоа што ќе ги ресетирате рецепторите со што ќе г0 регулирате вашиот апетит.

Ова значи дека кога ќе дојдат празниците, вие ќе можете да се задоволите со едно мало парче торта наместо две големи 🙂

Затоа придружете ни се во предизвикот каде ќе ви покажеме чекор по чекор како најлесно да го постигнете ова.

Зависноста од шеќер?

Постојат многу студи и истражувања каде се скенира мозочната активност на човекот за време на јадење бел шеќер и притоа заклучоците секогаш се дека шеќерот предизвикува идентична зависност како и хероинот.

Да, токму така, како хероинот!

Сепак шеќерот, не е толку многу штетен колку што е хероинот. Но, овие испитувања покажуваат дека предизвикува зависност.

Иако во идеален случај, знаеме дека е невозможно да го поминеме остатокот од животот без шеќер и без сите слатки уживања направени од него, сепак нашата цел е да пробаме да ве натераме да се откажете само овој месец за да ја ресетирате потребата и зависноста од шеќер и благо.

Првиот чекор е правилна исхрана и физичка активност.

Физичка активност

Физичката активност како теретана, пилатес или аеробик е неопходна. Сигурно имате забележано дека во деновите кога вежбате и сте физички активни, немате желба (или желбата е значително намалена) за десерти или пак за брза храна. Тоа е поради процесите кои се одвиваат во телото за време и после тренингот, односно регулацијата на хормоните (инсулин) и на нивото на шеќер во крвта.

Најважната придобивка од вежбањето не е слабеењето ниту пак добриот изглед. Најважна придобивка е регулацијата на хормоните во телото, а особено хормоните инсулин, тестостерон, естроген и хормонот за раст.

Лошата храна и седечкиот начин на живот го пореметуваат хормонскиот баланс и предизвикуваат хашето тело да работи против нас. Тоа се манифестира преку разни болести како дијабетес, метаболички синдром, срцеви заболувања и секако прекумерна тежина.

Од друга страна здравата исхрана и активниот начин на живот го постигнуваат сосем спротивното. Ги регулираат хормоните и го водат телото на правиот пат.

Правилна исхрана

Сигурно имате забележано дека секогаш кога се прават кратки и интензивни прочистувања на телото и разни видови на детоксикација, режимот на исхрана е прилично строг. Тој мора да е строг бидејќи се обидуваме да постигнеме резултати во краток временски период.

Затоа наша препорака е да не јадете воопшто шеќер целиот месец.

Ниту пак мед, јаворов сируп или останатите замени за шеќер. Овие замени за шеќер се дефинитивно поздрави и подобри за вас, но сепак и тие го покачуваат нивото на инсулин исто како и шеќерот поради високиот гликемиски индекс.

Исто така елиминирајте ги и сите видови и производи од брашно.

Фокусирајте се на следните видови храна:

  1. Месо: свинско, пилешко, телешко, риба
  2. Јајца
  3. Зеленчук
  4. Мешункасти плодови и сите видови семиња – бадеми, лешници, ореви, сончоглед, семки од тивка, ленено семе, чиа семе итн.
  5. Овошје во мали количини, една овошка на ден (доколку морате)
  6. Легуми – грав, леќа, грашок, боранија.

Овие намирници имаат низок гликемиски индекс, ниската количина јаглехидрати, многу растителни влакна и висок процент на здрави масти.

Пробајте го нашиот предизвик и пробајте да ги исфрлите јаглехидрати до Нова година? Ќе бидете изненадени колку добро ќе се чувствувате! Ќе имате енергија и ќе бидете помотивирани!

А, за празниците почастете си ја душата :), но не претерувајте!

Среќно!

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *