Здрав појадок за секој ден: Овесна каша со оризово млеко и сува папаја

Овесот е одличен за почеток на денот затоа што во себе содржи многу хранливи влакна кои го помагаат варењето, го урамнотежуваат шеќерот во крвта и го зајакнуваат имунитетот. Исто така овесот може да помогне во намалување на холестеролот во крвта.

Овесната каша е прав погодок за одличен појадок, се подготвува брзо, а можете да ја носите и со себе на работа.

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Во подлабок сад измешајте ги овесот, оризовото млеко, чиа семето, сувата папаја, медот, и кокосовото масло. На крај додадете ја млаката вода и убаво измешајте, оставете го овесот да ја впие течноста околу 1 час. На крај доколку сакате декорирајте со парчиња банана и киви или пак искористете некое овошје по ваша желба.

За да биде појасно како тече подготовката, погледнете го нашето видео.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *