Овошен коктел со куркума за зајакнување на имунитетот и летно уживање

Овој овошен коктел со освежителен вкус е вистинска ризница на витамин Ц и е одличен за зајакнување на имунитетот. Дополнително содржи и витамин Е кој е одличен и за кожата. Куркумата покрај лековитите својства, му дава на овој летен коктел посебна свежина и интересен освежувачки вкус.

Повеќе за лековитите својства на куркумата, прочитајте тука.

Можеби ќе ве интересира: 7 супер зачини за слабеење и подобро здравје

Потребни состојки:

  • сок од 1 лимета
  • сок од 1 лимон
  • сок од ½ портокал
  • неколку свежи малини или некои други свежи бобинки
  • 1 лажичка мед
  • 1 лажичка куркума
  • околу 200 ml минерална вода
  • коцки лед (по желба).

Начин на подготовка:

Во чаша измешајте ги заедно сите состојки и на крај додадете ги свежите бобинки и коцките лед.

Уживајте во освежителниот, леден напиток!

На здравје!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *