Овошна вода: Вкусно и здраво летно освежување

Споделете со пријателите

Пиењето 8 чаши вода на ден што е препорачаната дневна доза, понекогаш може да биде заморно. Но, внесувањето доволно течности сепак е многу важно за да останете хидрирани во топлите летни денови. Еден начин да ја постигнете оваа цел е во водата да додадете природна овошна арома.

Вода со природна арома и овошен вкус е вкусно и здраво летно освежување. Направете во поголема количина и чувајте ја во фрижидер. Вака подготвената вода со природна овошна арома е здраво освежување, затоа што е нискокалорична и не содржи вештачки бои и ароми.

Еве неколку идеи како да подготвите вкусна и здрава овошна вода без вештачки додатоци.

Што ќе ви биде потребно?

  • овошје (по желба), освен банана – внимавајте овошјето да не биде презреано
  • зачински билки – изберете по желба (пр. нане, жалфија, рузмарин, ѓумбир и сл.) но, внимавајте овошјето и билките да си одговараат во вкусовите
  • тегла или бокал
  • коцки мраз
  • вода

Како да подготвите?

Овошјето насечкајте го на коцки или кругови, комбинирајте цитрусно овошје или бобинки. Во теглата првин ставете ги билките и притиснете ги за да пуштат од аромата, па потоа додадете го овошјето. Внимавајте овошјето да не биде повеќе од 1/3 од теглата. Следен чекор е да ставите коцки лед до врвот на теглата или бокалот. На крај дополнете со вода и оставете го во фрижидер да се олади. Најдобро е да го подготвите навечер, а да го пиете следниот ден, за водата да добие природна арома.

Еве ви некои предлози на комбинации на овошје и билки кои си одговараат меѓу себе:

  • портокал, лимета (или лимон) и нане

1

  • малина и лимета (или лимон)

2

  • ананас и нане

3

  • капина и рузмарин

Blackberry and Rosemary_thumb[2]

  • лубеница и нане

5

  • краставица, лимон, ѓумбир и нане – за слабеење

Water with lemon, mint, ginger and cucumber

8

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *