Палачинки од просо и цели зрна овес

Споделете со пријателите

Неутрални, здрави и неодоливи.

Овие вкусни палачинки се прават од цели зрна житарки без брашно и се одлични за појадок. Можете да ги јадете и во солена и во блага верзија.

Во солена верзија супер одговараат со хумус, зеленчук и чаша Баланс+ јогурт, а во блага јас ги јадев со џем од сливи без шеќер, путер од кикиритки и овошје. 

Потребни состојки:

  • 1 чаша мешавина од зрна овес и просо
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 јајце
  • 100 ml Баланс+ јогурт
  • малку прашок за пециво.

Начин на подготовка:

Зрната овес и просо ставете ги преку ноќ да се киснат во повеќе вода. Значи не станува збор за овесни снегулки, туку за сирови цели зрна овес.

Следниот ден фрлете ја водата и ставете ги житарките во блендер, додадете го јајцето, маслото, јогуртот и прашокот за пециво и блендирајте. Ќе се добие густа смеса баш како за палачинки. Во случај да ви е ретка смесата можете да додадете 2-3 лажици овесни снегулки, иако не би требало.

Еве на видеото можете да видите како треба да изгледа густината на смесата.

Печете ги на загреаната тава за палачинки на стандарден начин.

Од наведената количина на состојки јас добив 16 палачинки.

Ова е одличен појадок и за вашите најмили, може да се даваат на деца над 8 месеци.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *