Палента мини пици за бебе (8+ месеци)

Споделете со пријателите

Согласно состојките овие мини пици можете да ги давате на бебиња после 8 месеци. Многу се брзи и едноставни за подготовка, а се навистина вкусни. Пример, јас не јадам палента, но овие пици ми беа совршенство и следен пат ќе направам голема пица за нас со малце поинтересни состојки 😂

Безглутенски се, па за оние кои имаат алергија или интолеранција еве интересна идеја за ручек.

Еве го рецептот:

  • палента
  • моцарела – јас користев од таа потврдата што е како кашкавал, може да се користи дури и урда без сол за помали бебиња или кашкавал за поголеми деца и возрасни
  • доматно пире – моето е домашно без никакви додатоци
  • оригано.

Начин на подготовка:

Првин палентата ја сварив на стандарден начин, но малку погуста, јас ставив 4 лажици и добив толку мини пици колку што има на сликата, при крај додадов многу малку путер. Ја ставив во правоаголното плехче од сликата и ја извлеков во кора. Оставив да се стегне, па со калапче за колачи извлеков ѕвездички.

Врз секоја ѕвездичка ставив од доматното пире, малку моцарела и оригано.

Печев на 180°С многу кратко, околу 10-тина минути.

Следен пат ќе правам поголема за нас дефинитивно зошто беше предобро и Ана баш уживаше во вкусот 😊

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистар по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *