Одличен предлог за вкусен ручек или вечера. Неодолива и балансирана комбинација на вкусови за цело семејство.
Потребни состојки (за 2 порции):
- 2-3 моркови
- 1 мала тиквица
- 2 компири
- 1 кромид
- малку семки од тиква, сончоглед и ленено семе
- маслиново масло
- хималајска сол и зачини по желба
за прелив:
- 100 ml Баланс + јогурт
- магдонос
- 1 лажичка сенф
- 1 младо лукче.
Начин на подготовка:
Зеленчукот насечкајте го на посакуваните форми. Одозгора напрскајте го со малку маслиново масло, хималајска сол и зачини по желба.
Дополнително јас додадов и малку семки од тиква, сончоглед и ленено семе.
Печете го зеленчукот во загреана рерна на 180˚С околу 20-25 минути (ќе следите дури целосно не омекне).
Во меѓувреме подгответе го преливот. Во сад ставете ги сите состојки и со маталка соединете ги.
На крај само ставете од преливот врз печениот зеленчук и уживајте.
Можете да комбинирате со плус свежа салата.
На здравје!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.