Балансиран појадок – интегрален леб со песто и домати

Споделете со пријателите

Обожавам песто, не знам дали ради босилекот или текстурата, но вкусот ми е незаменлив. Ретко го јадам со тестенини, доволно ми е кремаст и енергетски густ па најчесто го јадам само со домат, а понекогаш и со интегрален леб.

Неколку пати купив готов од маркет и се разочарав. Готвите песто сосови имаат премногу масло и сол.

Сум го правела многу пати, но овој пат навистина ги погодив мерките и затоа сакам да ги споделам.

Овој намаз е одличен за совршен и баласниран појадок кој е готов за 3 минути.  

Намачкајте две парчиња интегрален леб со намазот, наросете малку семки од тиква и сусам. За свежина комбинирајте со свежи домати.

Кога сме кај интегрално лепче сакам да споделам мое искуство. Откако го открив го користам само @lebotnamama, имаат достава до врата сегде во Скопје, а лебот им е вистински, здрав деликатес. Го прават од органска ‘ртена пченица и тоа 72 часа, нема адитиви и конзерванси и е сосема природен. Освен лебот прават и одличен хумус и тоа во 4 верзии: обичен, лут, со леќа и со цвекло.

Лепче со хумус, семиња и некој свеж зеленчук е уште една опција за балансиран појадок.

Многу ви се расприкажав и забегав скрос 😊

Доаѓам до рецептот за пестото, тој ми беше key point денес 😊

Состојки:

  • 100 g непечени индиски ореви (киснати во вода барем 2-3 часа)
  • 1 китка босилек
  • 1 младо лукче
  • 30-40 g кравјо сирење
  • 3 лажици маслиново масло
  • малку сок од лимон
  • малку хималајска сол.

Фрлете им ја водата на индиските, измијте ги уште еднаш и сите состојки ставете ги во блендер. За 1 минута ќе добиете хомогена смеса како на сликата.

Чувајте го во стаклена тегличка во фрижидер, претпоставувам дека ќе стои 4-5 дена сигурно, но ќе немам искуство да го оставам толку долго за да ви потврдам 😊

Може да го комбинирате во многу оброци, притоа правејќи ги посебни и неверојатно вкусни.  

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистар по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *