Здраво ароматично есенско уживање – Пита со тиква и јаболка

Есента е магична доба од годината, годишно време со идилични сцени, раскош од мириси и бои, живописни пејзажи, распослани есенски лисја и златести сончеви зраци. Мирисот на печена тиква и печени јаболка со цимет се можеби најзначајните мириси кои дефинитивно потсеќаваат на есен.

Ги искомбиниравме во еден единствен здрав рецепт.

Кујната и целата куќа ќе ви замирисаат на есенско уживање. Рецептот е едноставен, а за вкусот нема да коментираме. Ви оставаме да направите сами и да пробате!

Потребни состојки:

  • 200 g варена тиква
  • 2 лажици мед
  • ванила
  • 50 g путер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 јајце
  • 250 g интегрално брашно
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 2 лажици овесни снегулки
  • 50 g сува брусница
  • 50 g сува смоква
  • 50 g ситно сецкани ореви
  • прашок за пециво
  • за одозгора: кокосов шеќер/ванила/кокосови трошки
  • на средината: 2 рендани јаболка, 2 лажици џем од вишни и јагоди и малку цимет. 

Нaчин на подготовка:

Тиквата, медот, ванилата, путерот, јајцето и маслиновото масло ги соединуваме заедно во блендер.
Остатокот од состојките исто така ги мешаме и на таа смеса ја додаваме блендираната смеса. Убаво соединуваме и ја делиме содржината на два дела. Половина од смесата ја ставаме во огноотпорен сад за печење па одозгора го ставаме филот од јаболка, џем и цимет. Врз филот ја ставаме и другата половина од смесата.

Печеме во загреана рерна на 180°С околу 40-тина минути.

На крај наросуваме со кокосов шеќер, ванила и кокосови трошки.

Уживајте!!!

Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука!

https://www.instagram.com/p/Bo9cxQsHb3k/?taken-by=fitlife_pilates_aerobic

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *