Зошто амарант?
Амарантот е житарка која се карактеризира со извонредна хранливост, но што е најважно од се не содржи глутен. Богат е со минерали како калциум, фосфор и каротеноиди. Се карактеризира со високо ниво на протеини.
Амарант снегулките се одличен извор на аминокиселина лизин. Оваа аминокиселина се одликува со лесна апсорпција во човековото тело. Има највисоко ниво на железо во споредба со другите претставници на житни култури. Изобилува со растителни влакна – кои го регулираат варењето и го олеснуваат празнењето на цревата.
Нутритивни вредности | 100 g/г |
Енергетска вредност | 364kcal/1529kJ |
Протеини | 16.9g |
Јагленихидрати | 51.7g |
Од кои шеќери | 0g |
Диетални влакна | 13.6g |
Масти | 7g |
Од кои заситени | 1.7g |
Сол | 0.1g |
Зошто стеивиа?
Стевиата содржи само 1,57 kacl во 100 g што ја прави идеална намирница за намалување на килограми. Стевиата е 300 пати послатка од шеќерот но, не го зголемува нивото на глукоза во крвта и не предизвикува покачување на инсулинот што ја прави идеална намирница за дијабетичари.
Слаткиот вкус потекнува од гликозидот стевозид кој во организмот не се претовара во глукоза и затоа гликемискиот индекс на овој засладувач е 0. Стевиата има и лековити својства затоа што содржи калиум, калциум, хром, железо, манган, протеини и бета-каротен.
Комбинирајќи ги амарант снегулките и користејќи ја стевиата како природен засладувач направиме рецепт кој е одличен за дијабетичари, но и за луѓе кои имаат алергија на глутен – Безглутенска каша со снегулки од амарант.
Потребни состојки:
- 5 лажици снегулки од Амарант (Vitalia)
- 1 кесичка бадемово млеко без глутен (Vitalia)
- 200 ml вода
- 1 лажичка стевиа (Vitalia)
- малку замрзнати боровинки
- за декорација: природна боја од цвекло, сува малина, аронија, кокос и чиа семе.
Начин на подготовка:
Во огноотпорен сад ставете ги снегулките од амарант, бадемовото млеко во прав и додадете ја водата. Варете ја кашата на тивок оган дури амарант снегулките целосно не ја впијат течност. Тргнете од оган и оставете малку да се излади. Потоа додадете ја стевиата и замрзнатите боровинки и убаво промешајте. Доколку сакате да направите и убава декорација додадете малку природна боја од цвекло и одозгора декорирајте со овошје по ваша желба. Ние користевме сува малина, кокосови трошки, чиа семе, зрна аронија и киви.
Добар апетит!