Предлог за балансиран појадок или ручек: Хељда со зеленчук и семиња

Споделете со пријателите

Количината на намирници одговара за една голема порција или две помали.

Потребни состојки:

  • 4 лажици варена хељда
  • 1 лажица интегрален сусам
  • 1 лажица сончоглед
  • 1 кромид
  • 100 g златна зеленчукова мешавина
  • малку спанаќ
  • 1 лажица маслиново масло
  • хималајска сол, црн бибер и оригано (по желба).

Начин на подготовка:

Во тавче на оган го ставаме маслиновото масло и кратко го запржуваме кромидот, златниот микс и спанаќот.

На крај во зеленчуковата мешавина ја додаваме хељдата, сончогледот и интегралниот сусам.

Зачинете по сопствен вкус.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистар по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *