Посни чоколадни бомбици

Овие посни, чоколадни бомбици се одличен предлог за вкусна и здрава ужинка. Богатиот чоколаден вкус ќе ве освои со сигурност.

Изобилуваат со хранливи нутритиенти и една бомбица содржи 79 калории, 11.1 g јаглехидрати, 3.4 g масти и 1.4 g масти.

вкупно по парче
калории 1738 калории 79 калории
јаглехидрати 245 g 11.1 g
масти 74.5 g 3.4 g
протеини 29.7 g 1.4 g

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Најпрвин во сецко ја ставаме брусницата заедно со гоџи бобинките и ги блендираме се дури не се иситнат. Потоа во друг подлабок сад ги мешаме сите состојки заедно се дури не се добие еднолична и хомогена смеса. На крај, внимателно формираме топчиња. Од наведната количина на намирници се добиваат околу 22 бомбици со средна големина.

Чувајте ги бомбиците во фрижидер!

На здравје!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *