Неверојатните предности од групните фитнес активности

Се запишавте во теретана ама некако немате баш некоја мотивација да бидете редовни….

Дали сте пробале некогаш да вежбате некоја групна фитнес активност како Аеробик, Пилатес, Зумба, Јога, Кружен тренинг и слично…ако не сте пробале тогаш задолжително направете го тоа, затоа што вежбањето во група има навистина неверојатни придобивки кога е во прашање физичката активност.

Кои се предности од групните фитнес активности?

Вежбањето во група е многу повеќе отколку само гласна музика и брзи движења, тоа е одличен и забавен начин на вежбање пропратено со силна мотивација од инструкторот кој ја води групата.

Еден час ефективен тренинг кој ви нуди социјализација, дружење, вежбање, здравствени придобивки и секако убаво расположение заедно со многу позитивна енергија и трошење на многу калории.

Социјализација

Посветете си време само за себе, оставете ги сите проблеми дома и уживајте во тој час посветен само на вас. Таму ќе се запознаете со луѓе кои имаат слични животни навики како вас и многу е веројатно дека можеби некои од тие луѓе ќе ви станат и вистински пријатели во животот.

Мотивација

Едноставно, мотивацијата за вежбање во група е многу поголема споредено со индивидуално вежбање во теретана. Причината за тоа е можеби убавата енергија која се креира од поголемата група на луѓе.

Исто така кога вежбате во група сте повеќе мотивирани да не се откажете лесно, едноставно сакате да бидете подобри од претходниот пат затоа што тоа сите го гледаат 🙂

Слабеење

Кога ќе видите дека некој од вашата група постигнал одлични резултати и успеал да ослабе онолку колку што сакал, тоа сигурно ќе ве мотивира и вие да бидете поупорни. Но, и самото вежбање во група ќе ве натера да го дадете максимумот од себе и затоа и слабеењето ќе биде поефикасно.

Доколку вежбате индивидуално, многу е веројатно дека во моментот кога ќе ви стане тешко ќе застанете и ќе земете здив, што нема да биде случај ако вежбате групна фитнес активност во која гледате дека никој не застанува 🙂

Здравствени придобивки

Здравствените придобивки од било каква физичка активност се огромни, но вежбањето во група е олеснителна околност за вас затоа што одите на час, вежбате и не се замарате со ништо, тука е вашиот инструктор кој ве води низ целиот тренинг и постојано ве следи.

Доколку сте редовни и посветени многу брзо ќе ги почувствувате придобивките. Вежбањето ќе ви помогне за намалување на болките во грбот, подобро држење на телото, контрола на крвниот притисок и шеќерот во крвта, контрола врз килограмите, ќе ви го подобри хормонскиот баланс, ќе имате подобро расположение и едноставно ќе бидете посреќна, помотивирана и поисполнета личност.

Поддршка

Понекогаш некои луѓе се разочаруваат од себе си и од тоа колку се во лоша физичка кондиција споредувајќи се со другите членови во групата, но поддршката од некој кој бил на исто ниво како што сте вие денес и неговата мотивација дека ќе ви биде полесно и дека ќе станете подобри можеби е клучна за да не се откажете. Секогаш мора од негде да се започне, а кога сте во група на луѓе кои успеале во тоа, верувајте и вие ќе бидете многу поупорни и помотивирани да не застанете.


Доколку сето тоа ви звучи интересно и предизвикувачко, можеби сега е вистинското време да започнете со некоја групна фитнес активност која ќе ве натера да бидете истрајни и упорни до крај.

FitLife Studio е специјализирано фитнес студио за групни фитнес активности и тоа за Аеробик и Пилатес. Лоцирани сме на две локации во Скопје и тоа во Кисела вода (Стара Рампа) и во Козле.

Прочитајте повеќе тука или контактирајте не на телефон 071 273 982 или на 077 766 950.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистар по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *