Предности од пилатесот: 6 причини зошто секоја жена би требало да вежба пилатес

Кога станува збор за пилатес, повеќето жени кои пробале знаат дека тоа е вистинската физичка активност за телото која ги активира сите мускули, ама буквално сите 😊

После добар пилатес час ќе имате болка и во оние мускули кои не знаете дека воопшто и постојат во вашето тело.

Многу истражувања зборуваат за придобивките од вежбањето пилатес. Проверете ја уникатна моќ на пилатесот и почувствуваjте ги придобивките на своја кожа. Верувајте нема да зажалите, затоа што пилаесот има навистина благородно и терапевтско дејство врз телото.

1)Пилатесот е одличен за вашите стомачни мускули

Скоро сите вежби кои се прават во еден час пилатес директно или индиректно влијаат на зацврстување на абдоминалниот ѕид. Пилатесот е една од најефикасните вежби за обликување на убави и женствени стомачни мускули. Ефектот ќе го почувствувате после 5-6 тренинзи.

2) Пилатесот може да ви помогне доколку имате болки во половината и во грбот

Постојаното седење има навистина многу негативно влијание врз нашето тело и здравје, но со пилатес можете да ги анулирате ефектите од прекумерното седење. Вежбите кои се прават за време на еден час пилатес помагаат во зацврстување на малите мускули околу ‘рбетот со што се намалува болката во грбот и се подобрува држењето. Исто така бидејќи како што спомнавме погоре пилатесот помага за поцврст абдоминален ѕид, тоа индиректно би значело и поцврст грб, но и подобро држење на телото.

3) Пилатесот е одличен за вашите зглобови

Бавните и контролирани движења кои се прават во пилатесот влијаат многу поволно на здравјето на вашите зглобови. Проблемот со болките во зглобовите со текот на годините се повеќе се зголемува, но доколку практикувате да вежбате 2-3 пати неделно пилатес, овој ризик значително се намалува.

4) Пилатесот ви го подобрува фокусот и концентрацијата

Пилатесот ве тера да се фокусирате на вашето дишење, да се концентрирате на движењата кои ги прави вашето тело, односно да направите врска помеѓу умот и телото. За правилно изведување на сите движења во пилатесот навистина е потребна концентрација. Тоа значи дека за време на вежбањето ќе заборавите на сите проблеми. Дополнително после вежбањето телото ослободува ендорфини (хормони на среќа), така што пилатесот е можеби и најдобра физичка активност за намалување на ризикот од појава на депресија и анксиозност.

5) Пилатесот ќе ви ја подобри флексибилноста

Со 1 час ефективно и ефикасно вежбање пилатес ги раздвижувате скоро сите мускули во вашето тело. Бидејќи во пилатесот се прават повеќе повторувања од една вежба, сето тоа влијае на издолжување на мускулите. Дополнително секој пилатес час вклучува детално и темелно истегнување, кое со текот на времето може навистина многу да ви ја подобри флексибилноста. Едно истражување во Бразил дошло до податоци дека после 20 часа пилатес, флексибиноста на вежбачите се подобрила за 19.1 %.

“You are as young as your spine is flexible” – Joseph Pilates

6) Пилатесот ја подобрува меморијата, концентрацијата и ја зголемува активноста на мозокот

Пилатесот не е само физичка вежба за вашите мускули, тој ве тера да се концентрирате и фокусирате на вашите движења и на вашето дишење. Сето тоа со текот на времето го подобрува когнитивното функционирање. Пилатесот ќе ви помогне во зголемување на нивото на  самодоверба и ентузијазам за животот.

Доколку сето тоа ви звучи интересно и сакате да ги почувствувате на своја кожа сите придобивки кои ги нуди Пилатесот тогаш задолжително треба да го посетите нашето студио за Аеробик и Пилатес – FITLIFE fitness studio.

Лоцирани во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Тафталиџе и кај нас можете да вежбате повеќе типови на Пилатес. Имаме Пилатес за почетници, но и за луѓе кои се веќе подолго време активни, имаме утрински Пилатес, а исто така имаме и afetrwork Пилатес.

Направете го вистинскиот избор за себе и за своето здравје и резервирајте си место на телефон: 071 273 982.

Повеќе за FITLIFE fitness studio, прочитајте тука, а целосниот распоред на тренинзи погледнете го на сликата подолу.

Фото: Vrzalski Photography

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *