Препорачливи и забранети намирници за време на бременоста

Споделете со пријателите

Бременоста е волшебен период во живот на секоја жена. Секоја идна мајка го сака најдоброто за своето дете и се труди максимално да направи се што може за неговото здравје. Правилото  “да се јаде за двајца” е сосема погрешно! Подобро е да јадете паметно и тоа да бидат нутритивно богати оброци, наместо празни калории.

Намирници кои би требало да ги избегнувате или воопшто да не ги консумирате за  време на бременоста

  • Најпрвин откажете се од цигари и алкохол. Тоа може само да му наштети на развојот на вашето бебе. Не правете исклучоци ни за една или две цигари или чашки.
  • Сирова и непреработена риба и месо строго се забранува за време на бременоста поради високиот ризик од листериоза, што може негативно да влијае на развојот на детето.
  • За време на бременоста, треба темелно да ги миете зеленчукот и овошјето, како и јајцата и сите други производи што се користат при готвењето.
  • Бидете внимателни и со непастеризираните млечни производи. Непреработено млеко и живи јајца можат да бидат ризик за салмонела. Оваа сериозна бактерија кај бремените жени може да доведе до сериозни последици и за мајката и за бебето. Токсичните елементи на бактериите Salmonella ја преминуваат плацентата и се во можност да влијаат врз развојот на фетусот.
  • Забранети се морски и речни деликатеси, особено солен кавијар кој може да предизвикуа интензивна жед.
  • Во последните месеци од бременоста, храната со висока содржина на сол најдобро да не се консумира. Солта ја задржува водата во телото, а отоците се најчестиот проблем во последните месеци пред породувањето.
  • Рибата со висока содржина на жива може да биде штетна за мозокот и нервниот систем на бебето. Затоа внимавајте со внесот на туна и скуша. Заменете ги со побезбеден лосос, треска, сом и тилапија.

Храна и намирници кои би требале д аги внесувате почесто

  • Маслиновото масло и масло од сусам се извор на незаситени масни киселини. Се препорачува да се додаваат во салати.
  • Зеленчукот и овошјето се најважниот извор на витамини, минерали и растителни влакна во исхраната на секоја бремена жена. Тие се извор на диететски влакна, кои се неопходни за време на бременоста.
  • Добро термички обработено месо, риба и јајца се извор на протеини, а тие се неопходни како градивен материјал за синтеза и формирање на ткивата и органите на бебето. Месото е исто така извор на цинк, железо и Б витамини. Рибата е богата со поли незаситени масни киселини (омега-3, 6), кои се одговорни за развој на мрежницата на окото и мозокот на детето.
  • Житарките исто така треба да бидат вклучени во исхраната на секоја бремена жена, бидејќи тие се извор на Б витамини и диететски влакна. Покрај тоа, тие се извор на енергија и сложени јаглехидрати. Јадејќи леб од цело зрно, кафеав или интегрален ориз, овесна каша и трици, на телото му ја обезбедувате потребната количина на калории и енергија.
  • Млечните производи се извор на биорасположлив калциум, кој го гради скелетниот систем на детето. Најдобро е да се употребува кефир, јогурт, кисело млеко. Не пијте непастеризирано млеко.
  • Зелениот зеленчук како магдонос, копар, спанаќ и др. е одличен извор на фолна киселина. Фолната киселина за време на бременоста е вклучена во процесот на создавање на ДНК, а со тоа фолната киселина влијае на растот и функционирањето на сите клетки на телото на бебето. Соодветен внес на фолна киселина го штити детето од опасни дефекти на централниот нервен систем. Најголема количина фолна киселина може да се најде во спанаќот, брокулата, зелена салата, аспарагусот. Многу лекари препорачуваат бремените жени да земаат и  дополнително фолна киселина ви форма на таблети во текот на сите 9 месеци од бременоста.

Можеби ќе ве интересира:

Вежбање во текот на бременоста

Како до полесно губење на тежината после породувањето?

Текстот е на Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *