Важноста на пробиотиците за детското здравје

Споделете со пријателите

Што се пробиотиците?

Пробиотиците се живи микроорганизми кои кога ќе се внесат во телото овозможуваат бројни здравствени придобивки.

Тие се најчесто бактерии, но одредени видови на квасци исто така можат да функционираат како пробиотици.

Внесот на пробиотици во телото може да се биде преку суплементи или преку храна која е подготвена со бактериска ферментација.

Храната која најчесто содржи пробиотици се ферментираните млечни производи како јогурт и кефир. Пробиотиците не треба да се поистоветуваат со пребиотиците кои всушност се диететски влакна кои стимулираат раст  и овозможуваат подобар опстанок на пробиотскитите бактерии во цревата. Пробиотици и пребиотиците живеат во симбиоза.

PROBIOTICS, PREBIOTICS AND SYNBIOTICS - Jörth

Многу различни видови на пробиотски бактерии нудат здравствени придобивки, но најчесто застапени се бактериите од родот Lactobacillus и Bifidobacterium кои ги сочинуваат многу подвидови.

Зошто се важни пробиотските бактерии за здравјето?

Нашето тело е дом на околу 40 трилиони бактериски клетки и други микроорганизми. Повеќето од овие микроорганизми не предизвикуваат болести и тие се всушност наши “пријатели” без кои не би можеле да функционираме правилно.  

Овие непатогени бактерии живеат на кожата, во носот, во устата, во урогениталниот тракт, но најразновидна и најбројната популација на микроби живее во нашиот гастроинтестинален тракт.

Ние не би можеле да функционираме без бактериите од цревата, тие се неопходни за синтеза на некои есенцијални витамини, но исто така помагаат и за дигестија на диететските влакна. Овие бактерии го штитат телото од влез на патогени бактерии не дозволувајќи им на патогените да се хранат и развиваат во цревата.

Кога гастроинтестиналниот тракт е колонизиран со голем и разновиден спектар на пробиотски бактерии, нашето тело се наоѓа во баланс и може да функционира оптимално.

Употребата на антибиотици и нивното влијание врз гастроинтестиналната флора

Антибиотиците се лекови кои ни помагаат да ги победиме бактериските инфекции во нашето тело кои се предизвикани од одредени патогени бактерии. Овие лекови имаат неколку механизми на дејство: инхибиција на синтеза на клеточен ѕид, инхибиција на протеинска синтеза, инхибиција на синтеза на нуклеински киселини и антиметаболна активност. Сите овие механизми се насочени кон уништување на патогените бактериските клетки, но ова дејство е неселективно и паралелно ја уништува и микрофлората од нашите црева.

Овој модел на дејство на антибиотиците е особено штетен кога се во прашања новороденчиња и деца кај кои гастроинтестиналниот тракт не е ни доволно населен со миркофлора. Раната изложеност на антибиотици може да има долгорочни негативни ефекти врз здравјето и благосостојбата на децата. Секогаш кога докторот ќе му препише антибиотик на вашето дете, прашајте и информирајте се доволно колку антибиотикот е неопходен и дали други алтернативни методи се возможни. Доколку вашето дете мора да зема антибиотик, тогаш задолжително користете и пробиотик за да ги минимизирате несаканите и штетни ефекти од терапијата.

Која е улогата на пробиотиците во развојот и здравјето на децата

Општо земено, ние луѓето се раѓаме со сите витални органи што ни се потребни за да преживееме – освен со бактериската микрофлора која не е орган, но е многу значајна за одржување на здравјето.

Детето во утробата на мајката живее во стерилна средина и веднаш по раѓањето неговиот гастроинтестинален тракт започнува да ја населува микрофлората и подлежи на интензивен развој во првите неколку години од животот. Колонизацијата на цревата започнува уште од раната детска возраст и продолжува до три години кога составот на микрофлората веќе може да се поистовети со оној на возрасен човек.

Најзначајната микробиолошка колонизација се јавува за време на породувањето и набргу потоа, кога бебињата доаѓаат во контакт со микробите од мајката и околината.

Децата кои се родени вагинално поминуваат ни родилниот канал и на тој начин доаѓа до пренесување на здравите бактерии од мајката на бебето. Од друга страна пак децата кои се родени со царски рез не поминуваат низ родилниот канал и како резултат на тоа имаат помало изобилоство и разновидност на цревни бактерии. Со други зборови децата родени со царски рез имаат поголема шанса за дисбиоза.

A picture containing food, room

Description automatically generated

Покрај начинот на породување, факторите, вклучително и хранење со формула, предвремено раѓање и раната изложеност на антибиотици, исто така, можат да влијаат врз воспоставувањето на здрава микрофлора на цревата и да ги стават бебињата со зголемен ризик од дисбиоза, алергии, вообичаени инфекции и одредени заболувања.

Голем број на научно-литературни податоци открива дека пробиотиците претставуваат безбеден и ефикасен начин за поддршка на здрава микрофлора на цревата за време на раниот детски развој. Некои значајни истражувачки наоди од клинички студии спроведени со новороденчиња и мали деца покажуваат дека редовно вклучување на пробиотска храна или додатоци во исхраната кои содржат пробиотици може да го подобри имунолошкиот одговор кај бебиња родени со царски рез, да го намалат времето на плачење поврзано со грчеви кај бебињата, но и да бидат поддршка на имунитетот кај новороденчиња со висок ризик за алергии. Исто така генералните заклучоци се дека употребата на пробиотиците промовира подобро здравје и посилен имунитет кај децата.

Пробиотска храна или пробиотски додатоци во исхрана?

За жал, ова прашање е тешко да се одговори во отсуство на доволно клинички испитувања. Она што се знае од моментално достапната литература за пробиотици е дека и храната и додатоците можат да обезбедат ефективна поддршка за здравјето на цревата на децата. Дали храната или додатоците во исхрана се подобра алтернатива, најверојатно ќе зависи од детето.

Пример ако вашето дете е здраво и јаде различни видови на цврста храна, тоа нема некој значаен ризик од дисбиоза, па во таков случај пробиотската храна е доволна за одржување на инстеиналната флора. Меѓутоа доколку постојат одредени здравствени ризик фактори кои можат да го нарушат интестиналното здравје на вашето дете, консултирајте се со својот лекар или педијатар за употреба на соодветен пробиотик како додаток во исхрана.

Литература:

  1. Vanderhoof J.A., et al. J Pediatr. 1999. 135: p. 564-8.
  2. Holscher H.D., et al. J Parenter Enteral Nutr. 2012. 36(1): p. 106S-17S
  3. Sung V, et al. Pediatrics. 2018. 141(1) p. e2017181.
  4. Chouraqui J.P., et al. J Pediatr Gastroenterol Nutr. 2004. 38(3): p. 288-92.
  5. Wickens K, et al. Clin Exp Allergy. 2012. 42(7): p. 1071-9.

ProbioKid immuno® е диететски производ кој содржи внимателно избалансирана мешавина од 3 видови на пробиотици и еден пребиотик со силно симбиотичко дејство. Помага при воспоставување и одржување на природната рамнотежа на цревната микрофлора и придонесува за зајакнување на одбраната на телото.

ProbioKid immuno® е додаток во исхраната за деца, бидејќи развојот и зајакнувањето на имунолошкиот систем се најинтензивни во првите години од животот. Се препорачува превентивно за секое дете, да се зајакне имунитетот и да се зачува општата добра состојба на организмот, особено за деца склони кон алергии, на чести инфекции, деца кои одат во градинка или кај деца кои се често на антибиотска терапија.

Содржината од кесичката се раствора во сок, вода, чај или кој било друг пијалак по ваш избор и се пие веднаш пред или за време на оброк. Препорачаната доза е една кесичка на ден, а за да се постигне оптимален ефект, треба да се земе во период од неколку последователни месеци. Во случај на акутна цревна инфекција, се препорачува да се земе до 2 кесички на ден. Доколку го користите ProbioKid immuno® со орална антибиотска терапија, треба да се зема 2 часа по примената доза на антибиотици.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *