Прочистувачки пилинг за лице и тело

Споделете со пријателите

Овој домашен пилинг од кафе може да го користите како прочистувачка маска која ќе ги отстрани мртвите клетки од вашето лице. Исто така може да го користите како пилинг за цело тело.

Се подготвува лесно и едноставно од состојки кои веќе сигурно ги имате во кујната.

Состојки:

  • МЕД – нежно го отстранува вишокот на маснотија од кожата;
  • КАФЕ – ја прави кожата навистина мазна, oвој ефект се објаснува со фактот што кафето содржи органски киселини и алкалоиди, линоленската киселина што се наоѓа во кафето и ја враќа на кожата еластичноста и го забавува процесот на стареење;
  • ЦИМЕТ – има антибактериско, антиинфламаторно и антиоксидативно дејство, ефикасно ги отстранува црнките;
  • КУРКУМА – е најдобрата состојка која и дава на вашата кожа здрав, блескав изглед, куркумининот кој го има во куркумата совршено се грижи за кожата, тој помага за намалување на темните дамки и акни;
  • КОКОСОВО МАСЛО – го хидрира лицето и ги измазнува малите брчки, помага во спречување на предвремено стареење на кожата.

Начинот на подготовка на пилингот погледнете го на видеото.

Рецептот и видеото се на Елена Ѓорѓиевска.  

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *