Протеински чоко палачинки

Споделете со пријателите

Навистина се радувам што секој ден добивам слики со направени мои рецепти.

Се радувам што ви се допаѓаат и ги практикувате моите идеи се повеќе и повеќе. Се трудам рецептите да бидат едноставни и да пренесам дека готвење не е тешко и не е комплицирано, туку бара само малку желба. Сите имаме време за јадење во текот на денот, па баш заради тоа имаме и уште 10-15 минути плус за готвење (сега бидејќи повеќето од вас се дома е вистинскиот моментот да си ги испробате кулинарски вештини).

Резултатот од готвењето дома е многу повеќе од само вкусен домашен оброк, тоа е љубов и грижа за семејството и најблиските.

Не знам за вас но, јас сум најсреќна кога моите дома уживаат во моите оброци, па макар јас и да не јадам. Уште повеќе се радувам што и мајка ми ја навлеков на вакви рецепти, замислете која привилегија е мајка ви да ве прашува како да направи нешто 😊

Овие палачинки ни беа појадок пред два дена, но денес стигнав да ги објавам.

Еве го рецептот кој е сличен и инспириран од моите овесни палачинки со банана, иако малку изменет.  

Потребни состојки:

  • 1 чаша овесни снегулки
  • ½ чаша протеинска мешавина од @oriflamemk
  • 1 јајце
  • ½  банана
  • 2 лажички какао
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 чаша млеко (ние купуваме домашно млеко од Млеко од Нашата Фарма)
  • 1 лажичка прашок за пециво

прелив: домашен џем од вишни, путер од кикритики од @bonita_organic_nut_butters и замрзнати боровинки од @shumsko.organsko.ovosje

Поубав појадок од овој здравје.

За Ана направив иста комбинација само без протеинска мешавина.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *