Протеински енергетски бомбици

Бомбиците ми се омилен десерт и ги имам направено во не знам колку варијации, буквално од се можете да направите бомбици, услов е само да знаете да го погодите односот на намирници за да ја добиете потребна густина потребна да формирате топчиња.

Иако ретко користам whey протеин, сепак искористив една доза за да ги подготвам овие вкусни енергетски залчиња.

Еве што се ставив:

  • 50 g мелени лешници
  • 150 g овесни снегулки
  • 35 g whey протеин – мојот беше со вкус на банана
  • 50 g ситно сечкани суви сливи
  • 50 g ситно сечкани суви кајсии
  • 50 g сува брусница
  • 1 лажица мед
  • 1 банана
  • по потреба многу малку вода.

Мешате се заедно и формирате топчиња. Јас некои ги валкав во мелени лешници, а некои во какао.

Одлични се за енергија пред или после тренинг, но и со утринското кафе се баш добра комбинација!

Ве предизвикувам да ги пробате.

Брзо е навистина, а ќе имате вкусен и здрав десерт кој во фрижидер може да ви стои и цела недела.

Сликите не се од интернет 😊 ги сликаше Емилија Маневска.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *