Протеински сникерс топчиња готови за минута

Одлични топчиња со вкус на кикиритки и чоколадо кои ќе ги ви задоволат сите сетила, а не содржат шеќер и нездрави намирници. Можете да ги јадете како одлична енергија за пред тренинг или пак за ужина во било кој дел од денот.

Едноставно се превкусни.

Потребни состојки:

  • 100 g несолени индиски ореви
  • 60 g протеин во прашок (можете да изберете со вкус на чоколадо или пак да користите обична сурутка)
  • 2 лажици путер од кикиритки
  • 1 лажица мед
  • 2 лажици какао во прав
  • малку екстракт од ванила (по желба)
  • прстофат сол.

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер или процесор за храна и мешајте дури не добиете хомогена смеса. Од смесата обликувајте топчиња кои можете да ги валкате во какао, кокос во прав или пак да ги оставите такви.

Ставете ги во фрижидер околу 1 час да се стегнат и уживајте во вкусниот и здрав протеински десерт!

Добар апетит! 🙂

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *