Пудинг од просо за убаво утро и подобра дигестија

Овој оброк е одличен за појадок затоа што содржи многу влакна и многу хранливи состојки кои ќе ве држат сити подолго време. Исто така овој пудинг ќе ви помогне да го регулирате варењето на храната и празнењето на цревата.

Просото, псилиумот и чиа семето се одличен извор на влакна кои на здрав начин ќе го разбудат вашиот дигестивен тракт и ќе ве наполнат со хранливи нутритиенти за цел ден.

 Потребни состојки:

  • 100 g просо
  • 2 лажички какао (може да се замени со рогач)
  • 1 лажичка каков путер
  • 1 лажичка чиа семе
  • ½ чаша соино млеко
  • 2 лажички псилиум (киснат во вода)
  • 2 лажички кокосов шеќер.

Начин на подготовка:

Прво сварете го просто дури убаво не омекне, потоа во друг сад измешајте ги сите останати состојки. На крај двете смеси соединете ги и декорирајте по желба!

Рецептот е на Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *