Летно освежување: Салата од грозје со јаболка, цимет и јогурт

Права летна салата која ќе ги задоволи сите ваши потреби: ќе ве освежи и хидирира, ќе ве засити, но ќе ве обезбеди и со доволно пробиотици и протеини за убав почеток на денот.

Времето за подготовка на оваа вкусна салата е помалку од 10 минути.

Потребни состојки за 2 порции:

  • околу 100 g бело грозје
  • околу 100 g црно грозје
  • 1 помало јаболко
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1 лажица мелени или крпени бадеми

за прелив:

  • 100 ml јогурт
  • 1 лажичка цимет.

Начин на подготовка:

Белото и црното грозје исечете ги на половини и ставете ги заедно во чинија, јаболкото исто така исечете го на коцки и додадете го во чинијата со грозјето, овошјето прелијте го со лимоновиот сок и убаво измешајте. Врз него ставете ги мелените или крпени бадеми и ставете го јогуртот. На крај одозгора наросете го циметот.

Нутритивни вредности по порција:

215 калории, 39 g јаглехидрати, 5.7 g масти и 4.8 g протеини.

Уживајте!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *