Освежувачка салата со дресинг од јогурт

Споделете со пријателите

Одличен предлог за здрава, лесна и балансирана вечера. Комбинацијата на сите свежи зеленчуци ќе ве освежи и хидрира, а дресингот ќе ја направи салатата специфична и препознатлива.

Не ни верував дека јогуртот може толку убаво да се вклопи во прелив за салата, но сега се уверив и дефинитивно ова ќе го практикувам често.

Дресингот е “накитот” на секоја салата и тој ја прави посебна и вкусна.

Потребни состојки:

  • неколку листови марула
  • 1 краставица
  • 1 морков
  • 1 домат
  • малку младо кромидче
  • 2 лажици варено просо
  • ½ зелено јаболко

за дресинг:

  • 1 лажица маслиново масло
  • 3 лажици Баланс+ јогурт
  • сок од ½ лимон
  • 1 лажичка сенф
  • малку хималајска сол и бибер.

Начин на подготовка: 

Зеленчуците и јаболкото насечкајте ги на коцки и измешајте ги убаво и рамномерно. Во друг помал сад измешајте ги сите состојки за дресингот и изматете ги со мрежа за матење јајца. Потоа истурете го преливот врз салатата и пак измешајте.

Уживање во сите бои! На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *