Се храните здраво и вежбате редовно, но немате резултати!

“Се хранам здраво и вежбам редовно, но немам резултати, нешто сигурно грешам!”

Колку често ви се случува да сте убедени дека водите сметка за тоа што јадете и за тоа колку сте физички активни, но сепак кога ќе застанете на вагата или ќе се погледнете во огледало не го гледате тоа што го сакате!?

Во такви моменти се обвинувате себе си и си поставувате во глава милион прашања, што всушност правите погрешно???

Дали можеби генетски сте предодредени да имате таква конструкција или пак можеби јадете повеќе од што мислите, дали тоа што го вежбате не ви е доволно??? ……

Ајде малку порационално и од повеќе аспекти да го разгледаме овој проблем со кој се соочуваат многу од Вас.

Што е здрава исхрана?

Здрава исхрана е кога дневниот внес на храна се состои од 80-90% нутритивно квалитетна и вредна храна и околу 10-20% храна по ваш избор.

Можеби ќе ве интересира: 10 здрави производи кои всушност ви наштетуваат

Во нутритивно вредна храна ги вбројуваме следните намириници: овошје и зеленчук, месо, риба, јајца, мешунки, млеко, сирење, јогурт, житарици како овес, ‘рж, јачмен, просо, хељда, ориз, пченка, јаткасти плодови, здрави масти како маслиново масло, путер, свинска маст, кокосово масло и ладно цедено сончогледово масло.

Намирниците кои се обележани како Gluten Free, Sugar Free, Diet Food имајте во предвид дека не се секогаш здрави и нутритивно вредни. Првин погледнете го составот, па потоа одлучете дали ќе го купите тој производ, затоа што многу производители на здрава храна користат маркетиншки трикови кои имаат за цел да ја сменат перцепцијата на нашиот мозок и да ве натераат да мислите дека тоа што го купувате е навистина здраво и покрај факторот што содржи огромен процент на шеќери или пак транс масти.

Можеби ќе ве интересира: 6 начини да го препознаете скриениот шеќер во храната!

Колку јадете?  

Дали сте свесни за тоа колку калории дневно внесувате во своето тело?

Понекогаш мислиме дека една чаша сок не е ништо и не е никаков оброк, но дали сте свесни дека можеби таа чаша сок има најверојатно над 200 калории, можеби и околу 300. Па, ако погледнеме малку порационално на работите  тоа и не се баш малку калории.

За да се проверите себе си колку и што внесувате на дневна база, земете и запишете се што ќе внесете во телото во текот на еден ден, буквално запиштете се, дури и тоа колку чаши вода сте се напиле. На крај од денот пресметајте колку калории отприлика се тоа и колку од нив се од јаглехидрати, колку од протеини а колку од масти? Дали тоа што сте го внеле е доволно за да ви ги задоволи дневните потреби и дали храната што сте ја јадете е нутритивно вредна, колку влакна сте внеле, дали храната била богата со витамини и минерали и дали пиете доволно вода?

Можеби ќе ве интересира: 10 неопходни намирници во секоја здрава кујна

За да ви олесниме малку во пресметките еве некои корисни информации поврзани со макронутритиентите од храната.

Доколку имате потреба од помош во врска со овие пресметки пишете ни на mail, со задоволство ќе ви помогнеме и ќе ви одговориме: fitlife.fitness.mk@gmail.com

Процентуалниот удел на маконутрити во дневното мени треба да биде избалансиран (20-35% масти, 20-35% протеини, 30-50% јаглехидрати). Во еден оброк можно е замена на мастите со јаглехидрати или протеини или пак јаглехидратите да се заменат со протеини или масти, но протеините не смеат да се исклучат од исхраната!

Протеините, јаглехидрати и мастите се основните макронутритиенти кои ослободуваат различно количество на енергија.

Енергетска вредност на макронутриентите:

Макронутритиенти Енергетска густина  (kacl/g)
Масти 9
Протеини 4
Јаглехидрати 4

Дали доволно вежбате?

Колку пати неделно вежбате? Колку временски трае вашиот тренинг? Колку е тренингот интензивен или дали максимално го користите времето додека вежбате? Која ви е целта, дали сакате да ослабете, да се затегнете или пак само да си го одржувате здравјето?

Можеби ќе ве интересира: 15 работи кои треба да ги знаете во врска со слабеењето

Како со храната, така и со тренингот, со некои работи мора да бидете на чисто за да знаете како да му пристапите на проблемот.

Одење на трака, пешачење, лесно возење велосипед и не е баш некој тренинг и не би требало да го броите во активности кои ги правите.

За тренингот да има ефект врз вашето тело, тој мора да биде предизвикувачки!

Вистински тренинг се смета кога ќе се загреете 10-тина минути, а потоа 30-45 минути ќе вежбате интензивно. Тренингот за да биде ефикасен мора да ве испоти и да ви го забрза барем малку пулсот. На крај, завршете го тренингот со задолжително истегнување.

Немојте да очекувате резултати од тренинг во кој немате на себе ни една капка пот! Доколку вежбате во група и гледате дека сите околу вас се веќе испотени и задишани, а вие не, тогаш не го давате максимумот од себе.

Можеби ќе ве интересира: Аеробик или Пилатес? Што е поефикасно за обликување на телото?

Сепак имајте на ум дека универзален тренинг и диета не постојат!

Постојат милиони препораки и насоки за тоа што е здрава исхрана и колку тренинг е потребно за добри резултати, но сепак за вистински резултати секогаш е потребен индивидуален пристап, затоа што сите ние сме уникатни индивидуи со различна физичка градба, различен метаболизам и различни животни навики.

Бидејќи тренингот е неизбежен и за добар физички изглед, но и за добро ментално здравје, ве очекуваме во сала.

Проверете го распоредот на двете локации во Скопје на кои вежбаме (Козле и Кисела Вода), а на телефон информирајте се за слободните места. Побарајте не на телефон 071 273 982 или на 077 766 950.

FitLife Studio 1 – Кисела Вода 

FitLife Studio 2 – Козле

Кај нас покрај одличен тренинг, можете да добиете и многу совети и насоки во врска со исхраната. Тука сме за вас, да Ве насочиме и да Ви помогне полесно да дојдете до посакуваната цел!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *