Зеленчукова каша со сладок компир, морков и тиквичка (6+)

Споделете со пријателите

Многу е поверојатно дека децата ќе ги сакаат благите вкусови, но оваа кашичка е одлична затоа што е некако на средина 😊

Слаткиот компир и морковот и даваат слаткаст вкус, што ја прави прифатлива за вашето бебе.

Состојки:

  • 1-2 тркалца сладок компир
  • 2-3 тркалца тиквичка
  • ½ морков или цел доколку е помал.

Подготовка:

Сите состојки ги сечкате на коцки и ги ставате да се подготват на пареа околу 10-15 минути. Кога ќе омекнат, можете да ги изблендирате или пак со виљушка да се обидете да ја направите смесата кашеста.

На здравје бебенце!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *