30 дневен смути предизвик – Ден 2

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 2

Зелено смути за детоксикација

Оваа комбинација на намирници ќе ви помогне да го прочистите телото, а истовремено да го наполните со витамини и минерали. Спанаќот е моќен зеленчук кој е богат со фолна киселина, витамин А, железо, магнезиум, калциум, калиум, витамин Е и витамин Б6. Коренот од ѓумбир во својот хранлив состав содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум. Бананата е богата со калиум, а цитрон со ликопен – моќен антиоксиданс.

Што ви е потребно?

  • 1/2 банана 
  • 1 кива (ако немате кива, заменете ја со зелена круша)
  • 100 g спанаќ (бирајте помлади листови)
  • сок од 1/2 цитрон
  • малку ѓумбир
  • 1 мала лажичка мед
  • 200 ml вода

Сите состојки ставате ги во блендер и убаво измешајте ги.

Уживајте 🙂

by Елена Ѓорѓиевска

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *