30 дневен смути предизвик – Ден 18

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 18

Смути со бобинки

За денес се одлучивме за црвено-розева варијанта на смути. Кој може да им одолее на малите слатки црвени овошки? Богати се со бројни растителни хранливи материи, витамини и минерали кои се есенцијални за одржување на доброто здравје. Ова смути е идеален ладен летен пијалок  богат со антиоксиданси, разблажен со вкусот на бананата.

Што ќе ви биде потребно?

  • 5-6 цреши (без семка)
  • 5-6 јагоди
  • 5-6 малини
  • 10-тина зрна аронија
  • 1/2 банана
  • неколку коцки мраз
  • 200 ml кокосово млеко/вода

Како да подготвите?

Ако обожавате ладни пијалоци бобинките претходно можете да ги замрзнете. Кокосовата вода подгответе ја така што 2 супени лажици кокосово брашно ќе го прелиете со 200 ml зовриена вода. Оставете да стои половина час и потоа процедете. Kокосовото млеко/вода на тој начин е спремно за употреба. На крај измешајте ги сите состојки во блендер и уживајте во богатиот ладен пролетен вкус 🙂

На здравје!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *