Хранлив појадок за секој ден: Снегулки од хељда со бадемово млеко

Хељдата е намирница која заслужува посебно место во нашето секојдневно мени. Содржи само 343 калории во 100 g, а истовремено е богата со протеини, витамини и многу магнезиум (со 100 g хељда задоволувате 60% од дневните потреби за магнезиум). Фактот што оваа намирнцица не содржи глутен ја сместува во групата намирнци наменети за оние кои се алергични на глутен, односно страдаат од целијакија.

Снегулките од хељда од Виталиа се одлични затоа што се подготвуваат многу едноставно. Ги потопувате со вашето омилено млеко, јогурт или пак со сок и ги оставате само кратко (5- 10 минути) да ја апсорбираат течноста.

Наш предлог за вкусен појадок: Снегулки од хељда со бадемово млеко

Овој вкусен и здрав појадок содржи 544 калории, 125.4 g јаглехидрати, 2.3 g масти, 11.1 g протеини.

Функционалност: посно, vege, lactose free, GMOfree.

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Начинот на подготовка погледнете го на нашето видео подолу.

На здравје!

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *