Неодолив здрав сникерс сладолед од само 4 состојки

Откако си ги имам силиконските калапи, правам сладолед скоро секој ден и тоa најразлични варијации.

Јогурт, банана и плус некое овошје ми е омилената комбинација. Навистина освежува, а и знам дека е без “триста” адитиви и додадени шеќери.

На слика подолу ќе видите како изгледаат силиконските калапи, дефинитивно најдобри до сега, порано мака сум мачела со пластичните, де од ваму де од таму. Ќе направиш сладолед убав најубав и никако не можеш да го извадиш или ќе го извадиш ама пола 🙂

Мислам дека нема некој што не сака сникерс, а овој сладолед беше нешто неверојатно. Толку малку состојки, а толку неодолив и како што напишав горе без “триста чуда”, конзерванси и слично.

Состојките се едноставни, за 4 сладоледи со големина како од продавница ќе ви требаат:

  • 3 банани – убаво е ако се зрели, но не е задолжително
  • 3 лажици путер од кикиритки
  • 30 g урми – киснати во вода околу 1 час – тоа се околу 6-7 урми
  • 50 g несолени кикиритки – кратко запечени во рерна и избленидрани или ситно насецкани
  • по желба за одозгора: темно чоколадо (не е задолжително)

Начин на подготовка:

Бананите, путерот од кикиритки и урмите ги ставете во блендер дури не добиете кремаста структура, на крај додадете ги изблендираните или исечкани несолени кикиритки. Ставете ја смесата во силиконските калапи и оставете во замрзнувач минимум 4 часа.

Доколку сакате можете да стопите црно чоколадо и да му ставите на сладоледот одозгора. Но и без чоколадо е одличен.

Сликите се толку прекрасни благодарение на Емилија Маневска.


Ако ве предизвикав да го направите сладоледот ве чекам со таг или слики 😊

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *