5 совети за побрзо и поефикасно согорување на калории за време на тренингот

Вежбате подолго време, а резултатите се слабо видливи на вас?

Иако многу пати сме спомнале дека физичкиот изглед не е пресуден и не кажува многу за тоа колку сте фит, сепак во одредени моменти доколку долго време се трудите да постигнете резултати, а нив ги нема, може да дојде до разочарување.

Телото е многу паметна машина, па доколку постојано вежбате, тоа се учи на физичката активност и не ја третира како физички стрес и затоа на самиот старт од вежбањето најверојатно ќе имате брзи резултати, а потоа телото ќе започне да стагнира, но тоа не е стагнација, туку многу поефикасна и спора изградба на мускули.

Колку подолго време вежбате толку повеќе се зголемува процентот на мускулна маса што го имате, а со тоа и се забрзува метаболизмот.

Човечкото око е лакомо и сака брзи резултатите, па за некои таа спора прогресија можеби делува демотивирачки. Доколку, сакате побрзи и повидливи резултати од вежбањето имаме некои кратки, но корисни совети кои сигурно ќе ви помогнат:

  1. Вежбајте на гладно срце

Многу истражувања покажуваат дека тренингот рано наутро има најголеми ефекти за телото. Доколку вежбате на празен желудник во утринските часови, можете да согорите до 20% повеќе масти. Телото наутро ги користи мастите како извор на енергија, што ви дава можност полесно да се ослободите од нив.

Можеби ќе ве интересира: 15 причини зошто треба да вежбате наутро

Но, ако сепак немате услови да вежбате рано наутро, внимавајте да не јадете барем 3 часа пред вечерниот тренинг.

  1. Вежбајте го цело тело

Кога бирате тренинг, секогаш давајте им предност на тренинзите кои го активираат цело тело. Не ги изолирајте мускулните групи, па еден ден да вежбате нозе, а друг раце и стомак.

За поголема ефикасност и поголема потрошувачка на калории вежбајте го цело тело! Во текот на тренингот правете комплексни вежби кои активираат што е можно повеќе мускулни групи, така ќе трошите многу повеќе и ќе имате подобри резултати.

Пилатесот иако е активност која се смета за помалку динамична, сепак комбинацијата на вежби кои се прават во еден час пилатес го активира целото тело. Пилатесот во комбинација со кардио вежби, како аеробик или трчање може навистина да биде многу ефикасен кога е во прашање обликување на телото и слабеење.

Можеби ќе ве интересира: 7 причини зошто пилатесот ќе ви го направи животот поубав

  1. Комбинирајте кардио вежби со вежби за сила

Комбинираните тренинзи имаат најголема ефикасност затоа што кардио вежбите како аеробик, трчање, трчање на трака и сл. ја зголемуваат кондицијата и ја забрзуваат потрошувачката на калории. Комбинацијата од кардио вежби и вежби за сила е најефикасна за најдобро и најбрзи резултати.

Значи ако подолго време само трчате, размислите да додадете некоја активност плус. Или пак ако вежбате само аеробик, размислете да додадете во неделните тренинзи и некој час пилатес.

Можеби ќе ве интересира: Зошто да вежбате Аеробик?

  1. Внимавајте на оброкот после тренинг

Оброкот после тренинг е најважниот оброк во текот на денот. Правилото дека за убаво обликувано тело 70% е виновна храната, а само 30% тренингот е точно, затоа започнете да размислувате малку посвесно за тоа како се храните.

Трудете се да вежбате на гладно срце, а оброкот после тренинг да ви биде околу 1 час по завршување на тренинг. Доколку сакате да намалите килограми и масно ткиво, не внесувајте јаглехидрати после тренингот, изберете некој квалитетен протеин и комбинирајте го со салата.

Можеби ќе ве интересира:

Што се случува со телото кога не јадете после вежбање?

5 идеи за оброк после вежбање

Сепак не заборавајте дека и тоа што го јадете во текот на целиот ден е многу битно за постигнатите резултати. Бидете внимателни со шеќерите, овошјето и простите јаглехирати. Не мора да броите калории, но бидете свесни за тоа што го јадете.

  1. Зголемувајте го интензитетот на тренинзите

Ако подолго време практикувате иста активност, време е да го зголемите интензитетот затоа што телото после одреден период се навикнува.

Правете мали промени и постојано додавајте нешто ново. Не му дозволувајте на телото да се навикне на тоа што го правите, бидете “непредвидливи” за вашите мускули и така “ќе ги натерате” да трошат повеќе.

Можеби ќе ве интересира: Што се случува со вашето тело и мускули кога вежбате?


Ако се уште не сте решени и не сте започнале со вежбање, тогаш вистинско време е да се активирате!

Нашето студио за Пилатес и Аеробик – FitLife Fitness Studio во моментот врши уписи и ги оформува групите за новата сезона 2018/19.

Лоцирани сме на ул. Невена Георгиева Дуња бр. 1, Кисела Вода (Стара Рампа, веднаш до Апекс казино).

Соединувајќи вежби за мобилност, сила, флексибилност и кондиција креираме часови наменети за секого.

Кај нас ќе го најдете тоа што ви е потребно и што е најважно мотивација која нема да дозволи лесно да се откажете!

Имаме неколку типови на пилатес, аеробик, тренинзи за длабоко истегнување и опуштање, утрински тренинзи, како и часови после работа.

Изберете ја групата која најмногу ви одговара и резервирајте си што поскоро место на телефон 071 273 982.

Доколку сакате да ја почувствувате и видите атмосферата на нашите часови погледнете го видеото од минатата сезона во продолжение, а повеќе за нас прочитајте на линкот – FitLife Fitness Studio – локација Кисела Вода.

facebook група: Аеробик и Пилатес – FitLife Fitness Studio

facebook страна: fitlife.com.mk 


На видеото во прилог, ви пренесуваме дел од позитивната атмосвера на нашите часови.

https://www.instagram.com/p/Bm2a7RgHtKs/?taken-by=fitlife_pilates_aerobic

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *