Што да јадете, а што не доколку имате висок холестерол и триглицериди?

Споделете со пријателите

Холестеролот и триглицеридите претставуваат два облика на липиди (масти) во телото. Постојат неколку типови на холестерол односно, “добар холестерол” или HDL и “лош холестерол” или LDL.

Нивото на LDL холестеролот може да се покачи како резултат на генетски нарушувања, лоша исхрана и неактивен живот стил. Сето тоа може да предизвика натрупување на холестеролот на крвните садови и појава на артериосклероза, која е една од главните причини за појава на срцеви и мозочни удари. Во взаемно дејство со лошиот холестерол функционираат и триглицеридите, така што високи триглицериди значат и висок ризик од артериосклероза.

Од друга страна пак “добриот холестерол” има за цел да ги троши мастите од телото и да ги чува крвните садови и срцето.

Со промена на животниот стил и прехранбени навики, може да се намали холестеролот и да се успори процесот на артериосклероза.

Подолу е табела на намирници кои би требало да ги јадете и намирници кои не смеете да ги консумирате доколку резултатите од испитување на крвта покажуваат дека имате зголеми масти во телото.

храна

дозволени намирници забранета храна

млеко и млечни производи

обрано млеко, јогурт, кисело млеко, кефир, посни сирења во мали количини

полномасно млеко, овчо млеко, павлака, стари масни сирења, путер во голема количина, кајмак, шлагови

јајца

белки

жолчки (не се забранети, но да не претерате)

леб, пецива, тестенини

црн ‘ржан леб, лебови од цело зрно, проја, леб од безглутенски брашна, интегрални тестенини

бел леб, лиснато тесто со путер или маргарин, било какви грицки, смоки, пецива, макарони и сл.

месо, риба и морски плодови

риба и морски плодови, посни меса: пилешко, мисиркино, телешко, свинско

масно свинско, паштети, сувомесни производи, салами, конзервирани месни производи, сланина

зеленчук

сите зеленчуци се дозволени да се јадат варени или во свеж облик

компир во сите облици

овошје

јаболки, круши, портокали, лимон, мандарини, дуња, јагоди, малини, капини, боровинки, јаткасти плодови, авокадо

поради големиот % на шеќери да се избегнуваат банани, грозје, смокви, кандирано суво овошје

масла маслиново масло, пченкарно, сончогледово, ленено, сусамово

маргарин, свинска маст

зачини и сосови сите зачини

мајонези, кечап, било какви готови сосови

десерти здрави десерти со помал процент на шеќери

проверете некои наши предлози кои можете да си ги направите сами

мармалади, џемови, слатки и колачи со многу шеќер, пудинзи, чоколадо

пијалаци чај и кафе без шеќер, минерална вода, природни сокови без шеќер

алкохолни пијалаци, вештачки и газирани сокови, кафе со додатоци

За да го намалите холестерол и триглицеридите во крвта морате да направите промени во исхраната. Горе наведените намирници во последната колона, потрудете се да ги ограничите максимално.

Започнете со физичка активност барем три пати неделно, пешачете и трудете се да останете што е можно повеќе подвижни.

Физичката активност и промените во исхраната ќе во помогнат и да го регулирате шеќерот кој вообичаено е во заедничка врска со холестеролот и триглицеридите и се главните причини за кардиоваскуларни заболувања.

Можеби ќе ве интересира: Намалете ги маснотиите во крвта со помош на лимон и целер.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *